Блог

Многумина мислат дека малата квадратура значи и немање доволно простор. Напротив, сфатете го тоа како предизвик и пуштете ја Вашата креативност на ,,слобода’’.

Токму тоа и го направила една двојка од Мелбурн – а резултатот е фантастичен.

Eдна од најинтересните карактеристики на овој дом се интелегентните решенија за складирање кои се интегрирани со мебелот. Но, покрај практичноста, овој стан е и полн со стил заради комбинациите на текстури и бои и рачно изработените предмети.

image-asset (1)
image-asset (2)

Во дневната соба има custom-made врата зад која се наоѓа телевизорот и сите електронски уреди кои ги има двојката. Уникатната врата во два тона со голема округла дрвена рачка дава убаво чувство без да изгледа ,,тешко’’.

image-asset (3)

А вакви уникатни и неочекувани решенија ги има низ целиот стан. Во кујната, зад шанкот, има поставено клупа со L форма, со што се добива простор да седнат повеќе луѓе. Под клупата има фиоки, а во задниот дел има ниши за складирање во кои има приклучоци за полнење на телефони или таблети.

image-asset (5)

И спалната соба има вакви магични решенија кои Ве ослободуваат од нередот. Креветот е исто така custom-made за да може да го собере велосипедот на двојката. Над креветот има интегрирана полица за книги и други работи кои се потребни во спалната соба.

image-asset (6)

Гостинската соба е и домашна канцеларија. Поставено е биро од ѕид до ѕид со скриени кабли и многу простор за складирање. Но, има и изненадување – плакарот e заменет со ѕиден Марфи кревет. Идеално решение кога немате доволно простор, амора да работите од дома.

image-asset (9)

Целиот дом изоболува со уникатни, рачно изработени предмети – како ќилим или ЛЕД макраме ламбата која дава особена топлина на просторијата.

Доколку барате нов дом за Вашето семејство, наш предлог е Futura Magma 59m2 – трособен стан кој ја почитува индивидуалноста со поглед кон падините на Водно.  Погледнете го распоредот на овој ЛИНК, а за повеќе информации побарајте не’ на 071415094, 023103816 или contact@elenalukahome.com.

Author: maja.avramcevska