Блог

ЊуЈорк е познат по како град исполнет со бучавата од многуте култури кои се мешаат во него. Па така, овој стан со големо влијание на јапонската култура од средните години на минатиот век совршено се вклопува во еклектичноста на големото јаболко.

Овој фантастичен стан во срцето на Њу Јорк, со изобилство на светлина и со високи тавани, го оддава она чувство на баланс кое е карактеристично за јапонците, а во исто време е исполнет со стил својствен за личност со искуство која знае што е добро, а што не.

Овој стан од обична бела ,,кутија’’ е претворен во простор исполнет со топлина и длабочина со што високите тавани навистина доашаат до израз. 

Сиот мебел во станот е низок, со што големите прозорци и високите тавани се вистинските херои на просторот, но е доволно стилски за да даде јапонската нота. А, големото количество на светлина дозволило мебелот да биде во потемна, побогата боја и погруби, ,,сурови’’ материјали (како челик на кафе масичката и сите мешани, темни дрвени тонови на мебелот), без тоа да изгледа досадно или депресивно.

Она што го дополнува впечатокот се јапонските уметнички дела од средината на минатиот век кои само ја зголемуваат стилската вредност на просторот.

Author: maja.avramcevska