Блог

Кујната е срцето на домот – без разлика дали е мала или голема. 

Токму затоа при уредувањето на домот се обрнува големо внимание оваа просторија да биде функционална, да го дополнува домот стилски, но и да биде трендовски уредена. Ние ги прашавме нашите архитекти да ни кажат кои се најголемите трендови за уредување на кујни за 2021 година, кои ќе бидат спој на актуелна естетика и безвременска, па кои нема да сакате да ги менувате секоја година

Мермер

Овој тренд се провлекува поодамна, но и оваа година ќе биде присутен во нашите кујни. Особено оној мермер со шари. Причината за неговата популарност е тоа што изгледа луксузно, како материјал е многу издржлив и одлично се комбинира со метал, дрво и други полирани површини. Нашите архитекти честопати го вметнуваат во нивните проекти, а може да погледнете и предлог уредувањата на нашите станови Orbita и Titan од нашиот најнов објект Futura во Кисела Вода.

Дрвени површини

Одличен начин да внесете топлина и стил во домот. Внимавајте нијансата на дрвото да биде посветла од даб или орев и во потопли тонови (особено ако немате доволно простор).

ezgif-1-b5ebf6b7a5a5

Креденци без рачки

Најновите современи дизајни на кујни го ставаат во преден план минималистичкиот, едноставен дизајн каде што во преден план се става функционалноста и искористеноста на просторот. Најновата технологија кај креденците со која тие се отвараат со стискање ги исфрли од употреба рачките и за ѕидните и за подните креденци. Но, доколку сепак сакате да има рачки, тогаш вдлабнатите рачки го даваат истиот елегантен изглед, а за да биде поинтересно може да ги направите во контрастна боја. Таков дизајн вметнаа и нашите архитекти во становите Krypton и Aurora од објектот Futura.

Впечатлив распоред на плочките 

Начинот на редење на плочките е еден од најголемите трендови во внатрешното уредување. Класичните форми на плочките се’ уште се употребуваат, но  го освојуваат просторот со тоа како се наредени. Најпопуларна шема на редење е шевронен, но може да ја пуштите Вашата креативност на слобода и да направите дизајн по Ваша желба.

Poitiers-Kitchen-Mint-Green-with-green-tiles-920x920

Скриени апарати 

Aпетитот за дискретно складирање е се поголем, без разлика на дизајнот на апаратите. Затоа се повеќе дизајнери за внатрешно уредување бараат функционални решенија за складирање кои нема да го занемарат стилот.

Бели кујни 

Има многу причини зошто белата кујна е безвременска – дизајнот е минималистички, делува смирувачки и чисто, и ја зголемува светлината. Освен тоа, белата кујна може лесно да ја освежите со друга боја или со додавање на текстура и детали.

Отворени полици 

Oвој тренд е за оние кои сакаат да ги покажат своите стилски кујнски додатоци, а во моментов се и тренд на Инстаграм.

За сите оние кои сакаат неодолива кујна, но немаат доволно самодоверба да започнат сами со уредување, им препорачуваме да се обратат на професионалци. Нашите искусни архитекти можат да Ви помогнат да ја добиете кујната од соништата, па затоа не двоумете се и исконтактирајте не’ на 071415094, 070276511, 023103816 или contact@elenalukahome.com.

Author: maja.avramcevska