5 работи поради кои стан во Футура е одлична инвестиција
Нашиот најнов објект Futura, кој се наоѓа во најстарата скопска населба Кисела Вода на булеварот Борис Трајковски, е изграден по најсовремените стандарди и со најквалитетните материјали.
Авантуристичкото домување на Futura е распоредено во 77 компактни и флексибилни станбени единици кои се карактеризираат со движење и проток распоредени на 9 ката и поткровје.
Динамичната организација на внатрешниот план на Futura наизменично се менува по нивоата во три карактеристични ката и притоа се создаваат серија архитектонски фрази, чија динамика директно се отсликува во надворешниот изглед на Futura.
Програмската структура на делот за домување на ФУТУРА се состои од 77 станбени единици, со квадратури од 39м² до 96м². Многу нови светови за откривање, многу планети на кои Вие ќе ја создавате Вашата иднина.
За полесно да го најдете Вашиот стан во кој ќе ја дочекате иднината, ние ги поделивме нашите станови по квадратури и распоред на собите и ги именуваме со поими поврзани со вселената.
Sputnik – 39 m2
Supernova – 39 m2
Supersonic – 40 m2
Red Moon – 41 m2
Sun – 41m2
Mars – 43 m2
Moonwalk – 44 m2
Krypton – 44 m2
Flora – 57 m2
Orbita – 57 m2
Aurora – 59 m2
Magma – 61 m2
Zenith – 69 m2
Interstellar – 70 m2
Stardust – 77 m2
Calypso – 78 m2
Titan – 83 m2
Galaxy – 96 m2
ЗОШТО ДА ГO ИЗБЕРЕТЕ СВОЈОТ НОВ СТАН ВО FUTURA?
,,Кога го проектиравме овој објект, не сакавме да се вклопиме во околината. Напротив, проектиравме модерна зграда која се двои од околината и поставува нови стандарди во градењето. На тој начин не само што создаваме иден дом за многу семејства, туку и придонесуваме кон издигнување на нивото на целото соседство.” – велат нашите архитекти.
Што е тоа што ги издвојува нашите станови?
Овие станбените единици се прилагодени на новиот, подинамичен начин на живот. Тие ги имаат следниве карактеристики:
Едноставен распоред и функционално распоредување на просторот
Тоа значи дека немаат многу ходници, а просторот е максимално искористен за сите Ваши животни навики.
Една од практичните карактеристики на становите во објектот Futura е нивното зонирање по функции – дневната, поактивна зона е одделена од ноќната, пасивна зона. Тоа значи дека дневната соба, кујната и сите простории во кои се одвиваат сите активности се во една зона, додека ноќната зона, која треба да биде потивка и посмирена е одделена.
Промената е движечката сила и инспирација за фантастично модерниот изглед на Futura, а кон тоа придонесува и флексибилната организација – односно просторот е прилагодлив и може во секое време да го преградите според Вашите потреби. Особено е практично за овој период кога многумина работат од дома и им е потребна домашна канцеларија или доколку одлучите да го проширите семејството и Ви е потребна уште една соба.
Осветленост и проточност за подобар квалитет на живеењето
Нема поубаво чувство од тоа да влезете во топол, осветлен дом во кој ќе се чувствувате удобно. Кон тоа придонесуваат големите прозорци, внимателно одбраната локација и распоредот на просториите. Отворениот план придонесува кон тоа – вакво уредување на просторот дозволува повеќе светлина, подобра е комуникацијата меѓу станарите затоа што дневната и кујната се отворени. Тоа значи дека додека готвите може да внимавате и на Вашите деца или миленици, доколку Ви дојдат гости да бидете присутни на забавата цело време и сл.
Енергетски ефикасни
Кон тоа придонесуваат комбинација на елементи – изолацијата, 4 сезонско стакло на прозорците и демит фасадата. Становите се одлично изолирани. Преградните ѕидови меѓу просториите во станот се масивни, ѕидани, а становите меѓусебно се термички и звучно изолирани. Приватноста Ви е загарантирана.
Вискоквалитетни материјали
Kупувањето стан е животна инвестиција и ја разбираме Вашата желба сите детали да бидат доведени до совршенство. Затоа внимателно ги избираме сите материјали кои ги вградуваме во нашите објекти, а Futura не е исклучок. Подот е 10mm таркет, а завршната обработка е од 3mm масивно дабово дрво, што го прави поотпорно на оштетување и гребење. Сите санитарии и плочки кои се вградуваат се од висококвалитетни шпански брендови. Нашите искусни мајстори со огромна прецизност и внимание работат на сите позиции за да осигурат квалитетна изградба на објект кој ќе стане дом на многу семејства.
Погледнете го нашиот е-каталог на овој ЛИНК, а за повеќе информации контактирајте ги нашите агенти на 071415094, 070276511, 023103816 и contact@elenalukahome.com.