Futura Galaxy 96m2 – Цела галаксија од задоволства на урбаното и модерно живеење
Овојпат Ви предлагаме внатрешно декорирање на величествениот top roof стан Futura Galaxy 96м2 кој е беспрекорно уреден и кој навистина е цела галаксија од задоволства на урбаното и модерно живеење и е уште една гордост во низата прекрасни станови на Elena Luka Home.
Сместен во Futura, Galaxy е инспириран од различни стилови и инспирации кои потекнуваат од целиот свет и од различни времиња совршено избалансирани во нешто сосема ново, во Вашата нова совршена иднина.
Модерната и класична естетика ги спојува архитектурата и декорот и се во совршена хармонија со луксузна привлечност.
Современото чуство на декор, кој воглавно користи монохроматски тонови на финесите и материјалите ја исполнуваат естетиката на секоја просторија во станот и ултимативно го отелотворуваат луксузот на Galaxy.
Од самиот почеток модерно-класичните вибрации се присутни во сите елементи, додека современата уметничка декорација претставува контраст со класичните тонови и обработки на ѕидови.
Големата дневна соба која во себе комбинира кујна, трпезарија и ходник е со јасен дизајн. Дневниот простор креира контраст на смиреност и богатство на материјали. Додека спалната соба класична естетика со потивок интензитет креирајќи совршено место за одмор.
Запознајте го станот детално на овој ЛИНК.