07
Dec

Новогодишна декорација на скандинавски начин

НОВОГОДИШНА ДЕКОРАЦИЈА НА СКАНДИНАВСКИ НАЧИН

Конечно дојде најубавиот период во годината – официјално ја отвараме сезоната на новогодишната еуфорија на нашиот блог. Овојпат на малку поинаков начин! Класичната празнична декорација е секако непогрешив избор.
Голема елка, комбинација од црвени, зелени и златни декорации, многу светилки и свеќи се нешто што ја внесува потребната топлина во ова време од годината…Сепак, за оние кои повеќе сакаат минимализам, скандинавскиот стил на уредување, мирни тонови и сакаат да се осмелат да пробаат нешто поинакво оваа година, еве пар идеи за новогодишно декорации, но на скандинавски начин.

1.Малку поинаква колор палета
За разлика од веселите бои на кои сте инаку навикнати во ова време од годината, скандинавскиот стил ни нуди малку поинаква и симплифицирана палета. Декорациите во бела, сива, смирена нијанса на зелена, сребрена и браон боја доминираат со просторот.
Можеби тоа унапред ви делува за премногу едноставно, но погледнете на следниов пример колку интересно може да изгледа контрастот помеѓу браон( дрвените гранки) и белата (боите на украсите и ѕидовите).

Доколку имате добро осветлување или во Вашиот ентериер доминираат светли бои, не морате да бегате ни од малку потемни нијанси за деморациите.

2.Природни материјали
Една од основните одлики на скандинавскиот стил е широка употреба на природни материјали, па тоа не е исклучок и при новогодишните декорации. Новогодишната декорација нуди многу можности да експериментирате, па освен украси од дрво, камен, керамика, хартија итн. Кои сегде можете да ги пронајдете, можете и саму да ги направите. Пред неколку години, одличен предлог беа украсите од сушени тркалца од портокал и цимет, изгледаат прекрасно, миризливи се и се секогаш во тренд.

Eве уште неколку примери на оваа тема:

3. Украсете ги прозорците
Украсувањето на прозорците секако не е пракса која се применува само во скандинавскиот стил но, изгледа дека во овој стил доаѓаат до полн израз. Во нордиските земји посебен акцент се става на прозорите. Поради недостиг на светлина, постои непишано правило дека прзорите се прават доста поголеми од вообичаено, а завесите или да нема или да бидат што попровидни затоа и воопшто не е ни чудно што во овие земји и новогодишните декорации на прозорци толку добиле на значење.

4. Алтернативи за елка
Вистина е дека ништо не може да ја надмине убавината на елката во новогодишниот период – посебно ако е природна!
Но…скандинавскиот стил ни нуди алтернативи кои секако можат да бидат многу интересни, посебно во малите станови каде поставувањето на елка би го загушило просторот.

5. Внесете магија со осветлувањето
Осветлувањето игра клучна улога во постигнување на празничен дух! Намалете ја употребата на централното осветлување и дајте им главна улога на аголните столни и ѕидни ламби. Не заборавајте ги и трепкачките сијалички без кои новогодишната атмосфера не би била потполна. Останува уште да внесете налку топлина во овие студени денови – секако, тука ќе ви бидат и од голема помош и свеќите (што повеќе, толку поубаво).