24
Jan

Четири тренда во уредување на домот што ќе ја одбележат 2023

ЧЕТИРИ ТРЕНДА ВО УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ ШТО ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖАТ 2023

Во годината што измина, трендовите на внатрешно уредување ги одбележаа пастелни, смирувачки тонови и меки и комотни парчиња мебел.

Она што треба да го очекуваме во 2023-та е малку порустично, пообоено, поведро и со поголем контраст.

Романтичните стилови ќе се заменат со посмели трендови, што сосема одговара на пост пандемиската реалност кон која се движиме.

Контраст на боите 

Заборавете на белиот декор во домот и заменете го со контрастни елементи. Боите треба да изразат топлина, особено онаму каде што доминира белата боја со цел да се разбие монотоноста.

Занатчиски изработки

Во последните неколку години бевме во поблизок однос со мебелот по дома, па така полесно можевме да ги видиме и недостатоците. Во годината што следува ќе се даде предност на вештите занаетчиски изработки, наспроти масовното производство.

Стар мебел

Винтиџ мебелот ќе биде тренди избор за 2023-та, со оглед на тоа што сè повеќе расте заинтересираноста за стар и употребуван мебел. Со малку лакирање и освежување, некогашните подзаборавени парчиња ќе добијат нов живот.

Допир на природата

Зеленило во рамки на модерната архитектура е тренд што го одбираме со цел повеќе да се доближиме до природата. Разните цвеќиња и билки, користењето на природни материјали, слики со елементи од природата, сето ова може да помогне во освежување на било кој ентериер.

Фото: Pinterest