Дрвени прегради – хит тенденција во уредувањето на домот
ДРВЕНИ ПРЕГРАДИ – ХИТ ТЕНДЕНЦИЈА ВО УРЕДУВАЊЕТО НА ДОМОТ
Ако ги следите тенденциите во ентериерното уредување или пак често ги прегледувате Инстаграм профилите посветени на уредувањето на домот, сигурно сте забележале дека дрвените прегради се издвојуваат како актуелен хит во енетериерниот дизајн.
Доколку порано овој тип на преградување во ентериерот беше карактеристичен за деловните простории, сега добива поширока примена и се почесто ги гледаме имплементирани во модерните декоративни решенија за домот.
Зошто? Постојат повеќе причини поради кои дрвените прегради стануваат омилен елемент во современото домување.
Две простории во една
Дрвените прегради можат визуелно да го поделат просторот, тој и понатаму да остане поврзан. На овој начин добивате многу попрегледна просторија која не е премногу затворена.
Идеални за мала квадратура
Ако имате мал стан и сакате вашата кујна и дневниот престој на одреден начин да бидат одделени, дрвените прегради може да бидат совршено решение.
Одличен естетски детаљ
Покрај тоа што имаат бројни практични и функционални предности, дрвените прегради се интересен естетски декор што ќе ви го оплемени домот.