09
Mar

Елеганција и минимализам во ентериерно уредување на стан од 50m2 во современиот станбено-деловен објект „Melody“

Современото домување бара компатибилност меѓу функционалноста, квалитетот и естетиката.

Токму преку примената на овие постулати во своите објекти, на нашитеклиенти им обезбедуваме врвно искуство во домувањето.

Како пример ќе ја посочиме предлог идејата за ентериерно уредување на стан од 50м2 во рамки на новиот атрактивен станбено-деловен објект „Melody”.

Со цел да се постигне безвременски, а сепак атрактивен и топол простор со eстетика која ќе одговори и на новите трендови, но и класичноста, искористена е палетата на беж, сиви и топли бели тонови.

Исто така, направена е комбинација на материјали со различна текстура, како што се под во топли дрвени нијанси, мермер, метални елементи, што го прават просторот исклучително впечатлив.
Во дневната соба, со цел полуксузен изглед се искомбинирани топли тонови на сива и кремова, а посебно металните елементи кај ѕидовите.

Дневната и кујната се поврзани и просторно и тематски, правејќи ги комплементарни, а сепак посебни и внимателно уредени. Користени се чисти линии и нијанси, одлична комбинација за сите што преферираат класична, елегантна и минималистичка естетика.

Кујната е во нежна сиво-бела комбинација, додека во спалната соба се користени истите бои во малку поинтензивна нијанса, а во комбинација со златни тонови. За доза на луксуз и елеганција, вметнати се интересни светилки и елементи со метален сјај.

Во продолжение следува предлог идеја за ентериерно уредување на стан (Melody of Wisdom II – 50m2 ) во современиот станбено-деловен објект „Melody” на етаблираната компанија Elena Luka Home.

Melody”

Elena Luka Home повторно изненадува со нова приказна, нова локација, нова композиција. Во Втората по ред најголема, индустриски најразвиена и најзелена општина во Македонија – Гази Баба создаваме нова оаза – станбено-деловен објект MELODY. Ги слушнавме Вашите желби, го слушнавме срцето на градот, ја слушнавме историјата и иднината, ги слушнавме сите трендови во градењето и ја компониравме за Вас.
Објектот се наоѓа на самиот влез на населбата Железара на улица Коце Металец со зелен појас од шуми и паркови од повеќе од еден милион метри квадратни во кој сите станари ќе уживаат.

MELODY претставува импозантна архитектура со совршено вклопени и хармонично распоредени фасадни линии, со најнови и најмодерни методи во градењето. Следејќи го светскиот тренд на домување, на MELODY ѝ даваме посебна нота естетика.
Компонирана од десетина типа на различни станови кои одговараат на современиот начин на живот, разиграни во 8 ката, со поткровје уредено со пентхауси и ексклузивен деловен простор кој ќе биде совршена дестинација за Вашиот бизнис.
MELODY е составена од двособни, трособни и четирисобни станбени единици со дури 15 различни квадратури на распоредени на 8 ката почнувајќи од 45m2 до 89m2.

Повеќе информации за објектот на овој линк.