Каков дом нè очекува во 2016-та година
Австралискиот футурист Бари Бартон ни открива како ќе изгледа нашиот живот до 2016-тата година. Дизајнот на овој дом кој е заснован на клучните социјални трендови, настанал како одговор на потребите на модерните домаќинки кои постојано се менуваат. Ако ја земеме предвид зголемената популација во поголемите градови, намалување на животниот простор и значењето на здравиот дом, концептот ги спојува сите предности на домот кој го познаваме со сите погодности кои ќе ни го олеснат животот во иднина.
Враќање на природата
Природата ќе го пронајде своето место во домовите до 2016-тата година. Разновидните куќни градини ќе ја оживеат кујната и ќе овозможат лесен пристап кон зеленчукот и зачините со помош на саксии поврзани со систем за наводнување. Прекрасно, зарем не?
Технологија која зближува
И така веќе сме зависни од технологијата, и секако тоа ја влошува нашата социјална состојба. Но, во 2016-тата година напредокот во технологијата би требало да не доближи до другите. „Паметното” окружување нашиот дигитален и секојдневен живот со мултифункционални парчиња на мебел кои можат да се трансформираат доколку дојдат гости. Замислете расклопливи делови кои можат да ја менуваат висината или лесно да овозможат места за седење.
Наместо телефонот, цел дом ќе биде „смарт”
Што ако целото ваше окружување биде „паметно”, ги предвидува вашите потреби и е подготвено да ви излезе во пресрет? Тоа може да биде реалност за десетина години. Сензорите ќе бидат сместени во мебелот, уредите, работните површини и ќе ви овозможи интеракција не само со еден уред, туку и тие ќе коминицираат меѓусебно, за вашите секојдневни задачи да се одвиваат што полесно
Теретана во дневната соба
Во иднината сè изгледа можно посебно ако мебелот има двојна функција. Собниот велосипед ќе стане дел од куќниот декор, но и останатите справи за вежбање ќе најдат дискретно место во вашата дневна соба.