Овие трендови ги донесе 2015 година во ентериерите
Освен фотки, илустрации, разни рендери, основи и илустрации „Шатерсток” оваа година ни послужи на сите нас кои сме вљубеници во ентериерите и естетиката на домување.
Тимот на „Шатерсток” спојувајќи ги пикселите од симнатите фотографии на интернет ги пласираше најголемите трендови во светот за годинава кога станува збор за боите.
Резултатите според бројката на фотографии велат дека во светот најпопуларни бои за оваа година се топлата виолетова, светлозелената и меките пастелни нијанси на сино. Исто така класификацијата е направена и според повеќе земји. Колку и некоја нијанса да не се повторува во повеќе земји трендовите се очигледни.
Во знак на тоа и Elena Luka Home ви препорачува некои трендови и комбинации на бои следејќи ги светските трендови со доза на сопствена креатива и инстикт.
Ако размислувате да го преуредите својот дом, овие трендови сигурно ќе ве инспирираат или едноставно можете да ги побарате експертите од Elena Luka Home и тие да создадат од Вашиот дом совршено естетско место кое ќе зрачи со посебност и карактер.
Ве оставаме да уживате во ентериерите.