Изолирајте ја фасадата за удобен и безбеден дом
Греењето и ладењето се клучни енергетски потрошувачи, а поголемиот дел од оваа енергија се троши поради неадекватна изолација. На домашниот пазар „Elena Luka Home“ прва започна да употребува фасадни плочи со две густини од камена волна со контактна фасада, благодарение на кои изолацијата осигурува пријатна атмосфера во внатрешноста на објектот одржувајќи стабилна температура помеѓу 20 и 26 степени целзиусови, независно од студените зими и жешките лета.
Зошто е важна добрата фасадна изолација
Намалени трошоци за греење и ладење
Неизолирана просечна куќа од 100 метри квадратни годишно за греење троши по 20.000 киловати енергија или околу 2600 метри кубни гас. Изолацијата на фасадата, кровот и подовите, и замената на столаријата потрошувачката на енергијата за греење на истата куќа може да се сведе на 4.000 киловати или околу 520 метри кубни гас годишно.
Брзо враќање на инвестициите
Инвестицијата која „Elena Luka Home“ ја прави на клиентите им се враќа како долгорочна заштеда преку намалени трошоци за греење и ладење.
Нашите објекти се неопходно изолирани не само поради студениот период, туку и поради летните месеци, кога оптоварувањето на енергетскиот систем е најголемо. Енергетски обновен дом во „ElHome-EcoHome“ комлексот ќе троши помалку енергија за греење и ладење, што ќе се види уште на првата сметка за парно или за струја.
Ги штити луѓето и нивниот имот во случај на пожар
Негорливата фасада е составена од изолациски плочи со точка на топење над 1000 степени целзиусови. Материјалите по европски норми за заштита од пожар се класифицирани според реакцијата на пожар од класата А1 до Ф. Главен критериум за одредување на реакциите на пожар е запаливоста на градежните материјали, степенот на емитување на топлината, ширење на оган и количество на чад, токсични гасови и огнени честички. Нашата фасада носи ознака А1 која е највисока во класата на негорливост.
Штити од бука
Докажано е дека претераната изложеност на бука негативно влијае на здравјето на луѓето и ја отежнува концентрацијата и опуштањето. Имплементираната камена волна поради влакнестата структура ги „впива“ звуците и така постигнува ниво на удобност и квалитет во животот, како дома, така и на работа.
Фасада поотпорна на механички оштетувања
Изолацијата со својата структура од две густини осигурува еластичност и подобри механички својства. Надворешниот слој од поголема густина осигурува подобри механички карактеристики, додека внатрешниот слој со помала густина ги подобрува топлотно-изолационите својства. Освен тоа, овие плочи се стабилни на температурни промени што директно влијае на долготрајноста и изгледот на фасадата т.е. се препорачуваат и за фасади кои се повеќе изложени на механички оштетувања (училишта, игралишта и слично).
Парапропустивост за здрави услови во домот
Нашата изолација овозможува пропуштање на водена пара низ ѕидовите и спречува кондензација. Овие фасадни плочи се парапропустливи изолациони плочи кои им овозможуваат на надворешните ѕидови да дишат и со тоа непрестајно да ја носат вишокот на водена пара кон надворешната околина. На тој начин се елиминира појавата на кондензација на ѕидовите и обезбедува исклучително здрава и пријатна микроклима во просторот.
Зиме грее, лете лади
Ефикасна топлотна заштита и ниски трошоци за греење и ладење
Нискиот коефициент на топлотна проводливост на камената волна гарантира минимален топлотен губиток. Коефициентот на топлотната спроводливост на (λ) ROCKWOOL производот се движи во распон од 0,035-0,042 W/mK.
Со други зборови, зиме топлината останува таму каде што сакаме, во внатрешноста на објектот. Енергетските потреби на објектот така се видно пониски од обично бидејќи температурата во просториите е еднаква и не се среќаваме со непријатното чувство на постојано студени ѕидови или подови. Летно време, не доаѓа до прегревање на внатрешноста и потребно е помалку разладување за да се постигне пријатна температура во просторот. Покрај заштедата на трошоци за греење и ладење така постигнуваме и исклучително здрави и пријатни услови за живеење.
Изолацијата треба топлотно добро да ги изолира и премости студените мостови. Не е доволно само да имате производ со добри топлотни изолациони својства ако е тешко да го вградите без процеп или пукнатина во завршната конструкција. Освен тоа ROCKWOOL камената волна која „Elena Luka Home“ ја користи може да се користи во екстремни услови. Односно, своите својства ги задржува и при екстремно ниски и при многу високи (до 1000°C) температури. Камената волна и во такви услови е димензионо стабилен материјал отпорен на тмпературни промени.
Заштеда на енергија
Зградите трошат околу 40 % од енергијата која се користи за САД и Европа. Греењето и ладењето се клучни енергетски потрошувачи. Но поголемиот дел од оваа енергија се троши поради неадекватна изолација. Користејќи докажано ефикасни техники за штедење на енергија, во зградите потрошувачката на енергија можеме да ја намалиме и до 90 %. ROCKWOOL изолацијата пружа пријатна атмосфера во внатрешноста и ја задржува студеноста надвор. Во време на високи температури камената волна помага во одржување на пријатна температура внатре во домот.
Енергетски обновен дом ќе троши пмалку енергија за греење и ладење, што ќе се види уште на првата сметка за парно, односно за струја.
Неизолирана просечна куќа од 100 метри квадратни годишно за греење троши по 20.000 киловати енергија или околу 2600 метри кубни гас. Изолацијата на фасадата, кровот и подовите, и замената на столаријата, потрошувачката на енергијата за греење на истата куќа може да ја сведе на 4.000 киловати или околу 520 метри кубни гас годишно.
Повеќе за новите имлементирани материјали во нашиот нов, втор по ред објект – Living Large дознајте > ТУКА