Последниот проект на Заха Хадид
Како што веќе знаете неодамна креативната и брилијантна Заха Хадид го напушти овој свет и им се придружи на останатите легенди…
Нејзиното наследство е неверојатно, и претставува уникатен начин на спојување на современите линии со конвенционалните дизајни, кои нејзините дела ги направија единствни, поблиски на уметноста отколку на архитектурата.
Само неколку дена пред нејзината смрт, Заха Хадид го представила својот последен проект, „Meh Table“, како прекрасно парче мебел кое беше прикажано на „Milan Design Week 2016“, како дел од штандот на брендот „Sawaya & Moroni“.
Нејзиниот неверојатен проект станал реалност благодарејќи на полиуретансаката структура со висока густина. Една фигура ни се прикажува како течна оригами форма, со маса која изгледа како поглед на речен тек од птичја перспектива
Веројатно во овој дизајн ќе го забележите нејзиниот необичен сензуален ритам, а новата „Mew“ маса е достапна во црвена, црна и сина боја. Овој дизајн не е прашање на вкус, туку обележје на историјата и една епоха.