Château de la Colle Noirе – колевката на Диор парфемите
Колевката на парфемот, Грас во Франција, и фасцинантната област Прованс, се блиску поврзани со богатата историја на популарниот француски бренд, Диор.
Уште во далечната 1950-та година модната легенда Кристијан Диор, кој инаку бил одличен познавач на цвеќињата, го купил „Château de la Colle Noire“, со цел да одмара таму. Всушност се криело нешто повеќе зад оваа намера, тој го купил замокот за да одгледува најразлични цвеќиња на имотот од околу 50 хектари за да допринесе во производството на Диор парфемите.
Но за жал овој имот е продаден набрзо по смртта на основачот во 1957-та година. Многу години подоцна, раководството на компанијата Диор го оживеало сонот на основачот и го купило повторно замокот во 2013-та година. Имотот од тогаш е во фаза на реновирање се до денес, кога менаџментот на компанијата Диор одлучил својата парфемска дивизија тотално да ја премести токму на овој имот на југот на Франција и на некој начин ова место каде што се родени едни од најпопуларните парфеми на Диор како Мис Диор, се претворило во музеј, како почит кон славниот дизајнер. Своевремено познатиот дизајнер рекол: „Мис Диор е овде родена, во топлите провансалски вечери, каде младите камени пејат мелодија, а јасминот разговара со земјата.“
Инаку на овој имот, Кристијан Диор одгледувал маслинки, каранфили и своите омилени бадеми.
Диор го ангажирал познатиот експерт за парфеми, Франсоа, Димаши, за да креира лабораторија во Грас, каде се наоѓа центарот „Fontaines Parfumées“. Истотака ќе се здружат со локалните расадници кои произведуваат цвеќе кое се користи во индустријата на парфеми.
Инспириран од гламурозниот заок, Франсоа Димаши го креирал „La Colle Noire“ мирисот, современ парфем кој како главна нота има роза, а ќе биде дел од „La Collection Privee“, олекцијата на Диор парфемите. Направен е со користење на сортата „Rose de Mai“, која на парфемот му дава дрвенкаст, но сепакк мошусен карактер.
По деценија на запустеност, овој имот повторно живее и диши под ведрото небо на Прованса, што всушност бил сонот на Кристијан Диор.
Погледнете го видеото од имотот кој во Вас ќе предизвика желба за инстант опуштање во Прованс.