Добредојдовте во апартманот на Иванка Трамп и Челси Клинтон
Иванка Трамп и Челси Клинтон сигурно не би делеле заеднички ставови во поглед на политиката додека на план недвижности немаат толку заеднички теми за разговор.
Ексклузивните недвижности кои се во нивна сопственост јасно укажуваат на тоа дека можете да имате најчудни политички ставови, што никако не влијае на добриот вкус и препознавањето на квалитетните парчиња.
Апартамнот на Челси Клинтон на Петата авенија во Њујорк стана достапен на пазарот, како што известува „Њујорк Пост“ и по се што е прикажано досега изгледа дека тој е скапоцен камен. Облагодарен со кујна достојна за врвни мајстори, високи тавани, како и поглед на Медисон парк, разбирливо е зошто поранешниот дом на Клинтон достигнал цена од 6 милиони долари.
Имајќи в предвид дека токму овој апартман е најефтин во зградата, иако има три спални соби, може да се рече дека е одлична прилика за купувачите. Апартманот има 185 метри квадратни, додека зградата во својот состав има обезбедени услуги: портир, теретана и хемиско чистење.