Точки во домот кои зрачат со негативна енергија
Ентериеристите и експертите за фенг шуи предупредуваат на “кризни“ точки во Вашиот дом, кои делуваат како „собирачи“ на негативна енергија која понатака вие ја впивате. Домот е оаза на мир, топлина и љубов на секој човек, место за живот кое се гради со најблиските луѓе за да се почувствувате што подобро и поубаво, токму затоа треба да водите сметка за некои негови делови кои можат да имаат неповолно влијание на расположението, здравјети и умот.
Неуреден влез во домот
Според сов етите на древните кинески дисциплини, доколку сакате позитивна енергија во својот дом, неговиот влез мора да биде чист и уреден. Пред влезната врата не оставајте кеси со ѓубре, предсобјето направете го проодно без многу непотрени работи и неред.
Недостаток на билки и цвеќиња во домот
Познато е дека билките служат, не само како преубав укрс во домот, туку и како природен филтер на воздух кој ги упива сите токсини и лоши материи од него. Оплеменете го својот дом со зелени билки кои внесуваат свежина, светлина и го намалуваат стресот, или разнобојни цвеќиња кои зрачат со радост и ведрина. Фенг Шуи советниците препорачуваат бамбусово дрво за кое се верува дека им носи среќа на станарите.
Телевизор во спална соба.
Користење на компјутер или гледање на телевизија пред спиење ја црпи поголемиот дел од енергијата на човекот, поради што постои голема шанса дека ќе имате лош сон и ќе чувствувате последици наутро. Ова е доволна причина да го преместите телевизорот во дневната соба.
Само таванско осветлување
Лустер во дневната соба или кујната не е доволен извор на светлина, посебно во периодот од годината кога има недостаток од природна светлина. Оплменето го Вашиот дом со лампи кои дополнително ќе ја осветлат просторијата, бидејќи голема количина на светлина не допринесува само за подобро расположение туку и не го напрега видот.
Сината боја на ѕид во трпезаријата предизвикува го „убива“ апетитот
Некои истражувачи откриле дека боите на чиниите и на ѕидот на трпезаријата се поврзани со вашиот апетит. Оваа боја подобро изберете ја за спалната соба бидејќи лесно успива, а има премногу „студено“ дејство за просторија во која се собирате со семејствотои пријателите.
Недостаток на шарени детали
Играјте си со боите кога бирате детали за својот дом, а посебно ако се работи за перници и тапети, велат дизајнерите на ентериери, истакнувајќи дека домовите кои се обоени во една боја без шарени и интересни детали потсетуваат на болници и стерилни простори каде нема место за позитивна енергија.