Изберете МУДРО, изберете Living Large
Со единствена цел на пазарот да понудиме станови кои ќе доминираат со врвни материјали, естетски критериуми, енергетска ефикасност и зеленило, го проектиравме EL Home – ECO Home, станбено – деловен простор кој совршено се вклопува во природното окружување на една од најубавите скопски населби при тоа оставајќи впечаток на елеганција уште на прв поглед благодарение на модерниот дизајн и испробаните материјали со врвен квалитет.
Исклучителната посветеност на компанијата „Elena Luka Home“ како инвеститор се огледува во примената на квалитетната градба во склад со Европските стандарди, но и комфорот на кој нашата компанија обрна посебно внимание.
За тоа најдобро сведочи организацијата на становите со различни структури и површини од двособни до четворособни, кои се распоредени на вкупно единаесет ката во станбениот објект „Living Large“ (втор објект од гореспоменатиот комплекс).
Станбена зграда / AERODROM RESIDENTIAL BUILDING – LIVING LARGE
Локација: Општина Аеродром, ул. „Новопланирана“ бр.8
Станбен простор: 6868.30 m2
Паркинг места: 113
Катност: ниво – 3 (паркинг), ниво – 2 (паркинг), ниво – 1 (паркинг) + приземје + 9 ката + поткровје.
Вкупен број на станови: 121 станови
Вкупен број на станари: 350 луѓе
Технички опис, поставеност и придобивки
Aрхитект и дел од проектантскиот тим на „Elena Luka Home“.
Најнапред би сакале да се задржиме на еден важен сегмент во однос на претходно кажаното за успесите кои стојат зад нашата компанија. Ние сме пионер во добивањето на одобрение за градење по електронски пат. Имено со воведувањето на овој систем на добивање на одобрение во кое се вмрежени сите надлежни институции на еден транспарентен начин во целокупната постапката за добивање на електронски дозволи и нивните позитивни мислења произнесени во однос на нашиов проект, дава максимум гаранција на добиената дозвола за градба, во однос на сите аспекти на правната регулатива во Р.Македонија.
Истражувајќи ги потребите на купувачите (пазарот) ги дознавме недостатоците на истиот.
- Потреба од алтернатива за семејниот буџет
- Потреба од пристап за интернет
- Потреба за пристап од од повеќе страни до домот
- Потреба за постојна непречена комуникација
- Потреба од уредување на самиот дом
Инспирирани од побарувачката на пазарот и од недостигот на инвентивност во градежната индустрија ја лансиравме нашата поинаква стратегија на пазарот.
Започнавме со изградба на станбено деловниот комлекс, El Home – Eco Home со висока енергетска ефикасност во Аеродром. Комлексот се состои од три станбени објекти, поточно првиот објект „Luxury Homes“ – станбено деловен; „Living Large“ – станбен и „Business Homes“ – деловно станбен објект сместен на едно посебно острово кое се издвојува од останатите нови градби од Аеродром кои не внимаваат на близината на објектите, пристапноста до истите ниту пак ги почитуваат правилата за партерно уредување согласно Прописите и законите каде што процентот на зеленило е 30 % од неизградената површина. Ова кај нашите објекти е од примарна важност како од естетски, така и од функционален аспект.
Нашите објекти се унифицирани како по изглед така и по квалитет и начин на градење.
Она по што се разликуваме од другите се забележува при првата посета на објектот.
Како најзначајни би ги извоиле следниве карактеристики:
- Безгредов конструктивен систем
- Централно скалишно јадро
- Лесен пристап до домот и до паркинг местата
- Сендвич ѕидови помеѓу становите и просторот за комуникација
- Преградни ѕидови со блок помеѓу собите во самиот стан
- Оптичка инсталација до секој дом
- Огноотпорни влезни врати (90 минути)
- Високо квалитетни собни италјански врати
- Првокласен дабов под – трослоен паркет (таркет)
- Гранитни плочи, првокласна керамика од шпанско потекло и ултрамодерна и функционална санитарија од ЕУ потекло
- Два патнички дизајнирани лифтови со автоматски клизни врати
- Еден товарен дизајниран лифт со автоматска клизна врата
- Фасадна ПВЦ повеќе коморна столарија од врната и докажана компанија „Трокал“
- Независна вентилација на скалишното јадро
- Независна вентилација во подземното паркирање на сите три подземни нивоа
- Ултрамодерна контактна термофасада согласно прописите за енергетска ефикасност со дебелина на термослојот од 8 до 25 сантиметри и завршен слој на силикатен малтер во боја.
Во однос на локацијата на објектот, овозможена е лесна и брза комуникација со централното градско подрачје. Објектот се наоѓа на само 2,4км од плоштадот Македонија, односно со возило со средна просечна брзина на движење се пристапува за само 7 мин. Исто така пристапот е овозможен преку неколку главни сообрќајници. Проширувањето на булеварот Фрањо Клуз, кое е предвидено во деталниот урбанистички план, уште повеќе ќе го олесни протокот и брзината на пристап од и до локацијата.
Имотни листови ги обезбедуваме веднаш по изградбата на објектот што е од голема важност за Вас.
Непосрeдната близина на голем број на државни и приватни институции, училишта, приватни и државни факултети, поликлиника, трговски центри, како и транспортниот центар, овозможува локацијата да биде примамлива за различна стуктура на станари – лица кои работат во Скопје, студенти и слично.
Поставеноста на објектот е предвидена така што главната ориентација е североисток – југозапад. Скопската котлина има воздушни струења кои главно се движат во правец исток-запад. Со ваквата поставеност на објектот се овозможува лесно проветрување на станбените единици и создавање на пријатен и комфорен амбиент за домување – Ружа на ветрови.
За да внесеме во Вашиот живот дел од природата , околниот дел од станбените- деловните објекти со вкупна површина од 1300 m2 го збогатуваме со дрвја, цвеќиња и други растенија, како и со неопходно осветлување, додатни светла кои на целиот комлекс ќе му дадат поинаква фасадна слика како и уникатен тотем кој е симбол на сите станбено-деловни објекти.
Ружата на зачестеностите на ветрот според анемограф за Скопје е во 16 правци, а сето тоа овозможува постојано циркулирање на свеж воздух околу објектот Аеродром.
Со поволната ориентација на објектот ќе заштедите повеќе од 30 % енергија која овозможува идеална температура преку целата година.
Согласно позитивните законски прописи наведени во Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање, обезбеден е доволниот број на пракинг места во рамки на самата локација. Поголемиот дел паркинг места, односно 98 се предвидени во 3 подземни нивоа на објектот, додека останатите 15 се наоѓаат на партер. До паркинг просторот во подземните нивоа се пристапува преку рампа со должина од 22м, односно косина од само 12%. Пристапот преку вака проектираната рампа е поволен и при неповолни (специфични) временски услови, особено зимскиот период.
Објектот содржи приземје, 9 ката и поткровје. Конструктивниот систем е предвиден како безгредов систем, кој овозможува создавање на чисти простории без визуелни бариери.
Скалишното јадро е предвидено со 3 лифтови, од кои два патнички со капацитет од 6 лица и еден товарен со носивост 800кг. Со тоа едновремено повеќе од 20 лица можат да ги користат лифтовите. Исто така сметам дека за вас би била многу корисна уште една информација, а тоа е дека скалишното јадро е проектирано да овозможува топла врска помеѓу вашиот стан и вашето паркинг место.
Особено внимание е посветено за лицата со посебни потреби. За пристап до приземјето е предвидена посебна рампа, додека комункацијата по вертикала е обезбедена преку лифтовите кои претходно ги споменав. Истотака во „Living Largе“ има специјално дизајнирани станови за лица со посебни потреби со што ќе се обезбеди нивно нормално фунционирање.
Со цел објектот да биде енергетски по ефикасен предвидена е контактна термофасада која овозможува дополнителна енергетска ефикасност и ТРОКАЛ – ПВЦ надворешна столарија со двојно термопан стакло (4+16+4) со комлетен оков со кип механизам. Со тоа се овозможува заштеда на енергија од над 30% за греење на просторот во зимскиот период што значи и помали сметки. Термичката и звучната излолација помеѓу становите е обезбедена со примена на сендвич ѕидови кои нудат термичка и звучна изолација. Помеѓу становите и просторот за комуникација е со дебелина од 25cm, а мора да се надеведе дека има поставено и изолација на меѓукатна конструкција за да се овозможи максимална звучна изолација на секоја станбена единица.
Во рамки на објектот предвидени се и дополнителни помошни содржини, меѓу кои просторија за домар на влезот во објектот, утилити за хигиеничар, каде може да ги одлага средствата за читење и друг вид на опрема, машинско одделение, како и посебна електро просторија за електрични броила.
Со цел елиминирање на издувните гасови од подземните нивоа предвиден е посебен систем за вентилирање и тоа преку канали кои тешките издувни гасови од моторните возила ги исфрлаат од нивоата од долната зона. Исто така предвидено е посебно вентилирање на скалишното јадро преку канал со аксијален вентилатор, каде на секои 7,5 минути се врши една измена на целокупниот воздух во скалишниот простор што ќе се постигне со имплементирање на систем за вентилација преку канали и филтри согласно стандардите и нормативите на законот.
Други инсталации кои се предвидени во овој објект, интересно е да ги напоменеме следниве: Објектот ќе биде приклучен на постојната топлификациска мрежа а предвидениот доводен електричен кабел во становите е со дебелина од 5х10мм2. Со цел да се обезбеди доволниот притисок на вода на повисоките катови, објектот е поделен на ниска и висока зона. Според прописите, снабдувањето со вода од ниска зома е до 4-ти кат, додека повисоките катови се снабдуваат од високата зона.
Од останатите инсталации она што е од врвна важност за нашите купци е следново:
- Инсталација за видеофонија, приклучно место за телевизија и интернет во секоја соба – оптички кабли
- Припрема за клима уреди
- Завршни обработки од висококвалитетен дабов под (трослоен паркет – таркет) и плочки од прва класа.
Исто така интересно е да се спомене дека, при самото проектирање на овој објект, водевме сметка за создавање на атрактивен простор во поткровниот дел. За таа цел скалишното јадро то унсолиравме со примена на лантерна изработена од метална носива конструкција и транспарентен лексан, што ќе создаде врвно естетско доживување кај станарите од поткровниот простор, но и на оние од 9-ти кат поради природното осветлување на скалишното јадро.
Искуствата на пазарот не наведоа во нашиот објект да посветиме посебно внимание при проектирањето и изведбата на кровната конструкција која се состои од:
- Дуплофалцуван лим
- Водонепропусна фолија,
- Дрвена конструкција,
- Воздушен проветрен простор,
- Стаклена минерална волна со дебелина од 15 сантиметри и
- Активна парна брана
- Армирано – бетонска плоча со дебелина од 20 сантиметри.
Понатакa би сакале да ве запознаеме со типовите на станови, нивната поделба по катови и поставеност.
Рационалната организација во која секој метар квадратен максимално е искористен да им заштеди пари на купците и воедно да обезбеди максимално функционален дом.
Истите се шематски прикажани во каталозите, на нашиот сајт и на нашите останати социјални платформи (You Tube, Instagram, Facebook).
Квадратурата на становите е во опсег од 42 м2 до 89 м2 .
Накратко ќе дадеме објаснување на три типа според квадратурата:
Функционални и топли двособни станови (од 42 до 45м2)
Максимално рационалната организација на овој двособен стан овозможува веќе во 42 м2 на располагање да имате комфорна дневна зона, но и доволно место за поголем кревет во спалната соба па дури и два кревети ако планирате таа соба да ја користите како детска. И не е само тоа, во станот се наоѓа и вграден плакар со голем капацитет, така што ни складирањето на работи нема да претставува голем проблем.
Во влезниот дел постои доволно место за остава на сите потребни ситници и предмети, за да не ги оптеретувате централните простории на станот. Пространата и широка дневна ќе ви обезбеди секојдневна удобност и одмор по напорниот ден, а спалната соба организирана е така што по целата должина можете да поставите вграден плакар така што ќе го решите проблемот со „вишокот на работи“.
Повеќеслојниот дабов паркет (таркет) во станот, увозната шпанска ѕидна и подна керамика, но и надворешните ѕидови обложени со тврдо пресуван стиропор со завршен силикатен малтер (демит фасада) носат чувство на топлина во секој дом и го прават одличен избор за секое семејство.
Модерни трособни станови со врвна организација (од 52 до 72м2).
Во идеални 52 м2 сместени се две спални соби и пространа дневна. Кујнскиот дел преку трпезаријата е поврзан со дневната зона, додека ноќната зона е изолирана целина во овој стан.
Сите ѕидови од санитарни чворови и кујната се од цврст материјал, малтерисани и обложени со керамика. Паркетот е дабов во целиот стан, а керамиката шпанска. Совршената изолација на станот е постигната благодарејќи на фасадната столарија од петкоморни ПВЦ профили со нискоемисионо стакло со клима блок, надворешниот термоблок ѕид и внатрешните сендвич ѕидови.
Ѕидови стан – ходник: Блок тула обложена со кнауф конструкција од исполнета волна и облога од две противпожарни гипс картон плочи.
Ова е уште еден доказ дека „Elena Luka Home“ како инвеститор води сметка за квалитетот на животот на идните станари за да го подигне на што повисоко ниво.
Четворособни станови за сите потреби (од 89м2)
Функционалниот четворособен стан од се’ на се’ 89 м2 нуди решение за целото семејство. Дури три спални соби, внимателно проектирани како би ги задоволиле потребите на целото семејство, како и комфорна дневна соба со поглед на Водно и Центар нудат потполно уживање.
На крајот, горди сме да кажеме дека на нашиот објект сè е подредено на квалитетот на животот, комфорот и здравјето за идните станари.