10-те најдобри софи на сите времиња
Доколку припаѓате на оние кои веќе го најдоа својот дом во „Elena Luka Home“ или сте во потрага по вистинската софа, погледнете ги нашите предлози. Овде ќе пронајдете многубројни стилови на парче мебел, инспирација и објаснување.
- Честерфилд софа
За создавањето на оваа софа постои приказна која датира од 18 – от век. Четвртиот гроф од Честерфилд ја нарачал првата софа од овој вид со барање да се направи ова парче мебел кое ќе обезбеди удобно седење без туткање на неговото одело.
Софата Честерфилд станала симбол на отмената софистицираност и досега не го изгубила својот необичен шарм. Овој стил е дефиниран со употреба на кожа, заоблен наслон за раце и заоблен наслон за грбот кој е на иста висина.
- Кабриоле софа
Оваа стилска софа е исто така нарекувана и „козја нога“ и претставуваа еден од највпечатливите симболи на мебел од 18 – от век. Ногарката која е благо завиена во форма на буквата „S најчесто се поврзува со периодот на Луј XV.
Видот на софата Кабриоле се обликува со континуирани линии и закривен дрвен наслон со понизок дел за раце од оној за грбот. Кај овој вид на софа најчесто украсните перници се изоставуваат.
- Грбот на камила
Овој стил на софа се поврзува со лондонскиот креатор на плакари и дизајнер на мебел Томас Чипендел, чие име имало силно влијание на англискиот дизајн за ентериери кон крајот на 18 век. Вистинската софа има облик со највисока точка на средината и благо завртени краеви.
Останатите карактеристики на оваа софа вклучуваат закривени или рамни наслони за раце, тапацирани, отворени ногарки и обично без перничиња за грб. Софите во овој стил создаваат топол и гостољубив амбиент.
- Ловсон софа
Следниот вид на софа е посветен на Томас В. Ловсон, американски бизнисмен и автор кој гo создал овој модел на мебел за поголем комфор. Првата софа се појавила со тапациран наслон за грб и покриени перничиња.
Денеска оваа софа можете да ја препознаете по трите карактеристични перничиња и наслони за раце пониски од грбните, (благо закривени или коцкасти) ама постојат многу варијации на пазарот. Можат да се пронајдат различни модели со завршни детали од текстил и кожа и украси од метал и дрво.
- Таксидо софа
Го позајмува своето име од градот Таксидо Парк во државата Њујорк. Оваа софа се смета за обележје на модернизмот од дваесеттите години на минатиот век. Стилот е дефиниран по наслоните за раце кои се со иста висина како и наслоните за грб, инспирирајќи гламур и елеганција.
Првата верзија на оваа софа била со едно полнење на редот и откриени ногарки. Перничињата доаѓаат како опција, особено кај каучот со високи ногарки за раце.
- Англиска софа
Веројатно најудобниот вид на софа на кој ќе наидете. Англиската софа со закривен наслон за раце која доаѓа на самиот крај од 20 век и 21 век и носи со себе нота од британската провинција. Овој модел на мебел претставува удобност како што е затегнатиот грб, внимателно направените перничиња, спуштени наслони за раце и ниско поставени ногарки со тркалца. Ова софа прави чуда во современиот декор, давајќи му чувство на топлина која му е потребна на секој модерен дом.
- Кноле софа
Софите не постоеле пред 17 век и во поголемиот број на случаи наместо софи се користени клупи. Кноле софата датира од почетокот на 17 – от век кога бил нарачан тапациран диван за „Кноле“ – историска англиска куќа. Класичниот стил може да се препознае по нејзиниот прав и висок грб и накривен наслон за раце кој се приспособува според потребите (во старите денови се користени за заштита од провев).
На врвот од софата се наоѓаат конопи кои го поврзуваат наслонот за грб со наслонот за раце. Иако популарноста на овој сил е во опаѓање, овие софи сеуште можат да се најдат во модерните куќи, давајќи му шармантен и класичен допир
- Бриџвотер софа
Елегантна, секојдневна и удобна, софата бриџвотер е идеална за разговор или гледање филмови со пријателите. Во современиот дизајн на мебел, оваа софа додава нота на добредојде. Со благо свиткан грб, ниско поставен наслон за раце и великодушно полнети перници.
Овој стил е познат како англиски тросед или брезова рака, а претставува моќно англиско наследство. Посебна карактеристика е ткаенината која ги прекрива ногарките.
- Модерна софа
Изразот „модерно“ го означува специфичното дизајнерско движење од 1930 – та до 1965 – та година. Софата која се поврзува со тој период обично има аеродинамична линија со ниски, често квадратни ногарки. Сепак, очекувајте бројни варијации.
Кога се работи за модерните софи важат неколку правила. Можете да ги препознаете по нивниот ретро изглед, користењето на облик превземен од природата и силната геометрија. Едно е сигурно: ако правилно се вклопат во модерниот ентериер, нивниот изглед ќе изненади и инспирира.
- Секционална софа – аголна гарнитура
Функционалноста е главен атрибут промовиран со модернизмот. Овој практичен дизајн се комбинира со крајни аголни делови, фотелји и двоседи.
Секционалната софа е добра опција за современа просторија со високи тавани или многу прозорци. Тие се одлични парчиња мебел кои пополнуваат големи ентериери, посебно во формалните простории.