Што значи бројот на вашиот дом?
Нумерологијата уште во дамнешно време се користела за предвидување, разли толкувања , како и повикување на среќата во животот. Уште во времето на старите култури на Египет, Кина, Индија и Јапонија се верувало дека бројките имаат магична моќ.
Се верува дека некои од бројките нѝ се зададени судбински зададени, на пример бројот кој се крие во името и презимето или датата на раѓање. Се верува и дека бројот на зградата или куќата има скриено значење за своите станари. На пример во Кина веруваат дека најдобар број за домот е 8, бидејќи симболизира парична благостостојба.
За да ја откриете судбинската бројка на својата адреса, бројот на станот треба да го сведете на едноцифрен, па така, ако живеете на бројот 63, едноставно соберете ги 6 и 3, и на тој начин ќе го добиете бројот 9. Ако вашиот стан е со број 19, соберете 1 и 9. Ќе добиете 10. Потоа ги собирате 1 и 0, што значи резултатот е број 1.
Број 1
Овој број на своите станари им носи обележје на индивидуалност и оригиналност. Тие често имаат многубројни идеи, започнуваат нови проекти и сакаат предизвици – секогаш со голем успех. Сепак, иако од финансиски аспект ова е добар број, тој носи помалку среќа во приватниот живот, бидејќи поттикнува осаменост и критичност кон другите. Исто така, бројот еден носи неодлучност околу важните животни одлуки. Пожелно е домот да се уредни во златни, портокалови и маслинесто зелени тонови, за да се зајакне позитивното, а да се намали негативното влијание. Станарите би требало да внимаваат на својот вид и својата циркулација.
Број 2
Овој број симболизира промени, па затоа луѓето од овој дом често се селат и доаѓаат нови. На станарите во него ретко им е досадно, а лесно се создава атмосфера на живописен семеен дом. Обично е многу едноставно место, со доза на неуредност, а потсетува на плодност и заљубување. Луѓето кои живеат во овој дом често работат од дома или ја носат својата работа дома. Имаат интерес за технологија, патување, алтернативна медицина и астрологија. Поради брзоплетост често донесуваат лоши деловни одлуки и мораат постојано да почнуваат од почеток, а во односите можат да бидат премногу зависни од другите. За да зајакне позитивното, а да се намали негативното влијание на бројот на овој дом, би требало да се направи светол – да се воведе повеќе светлина и да се исфрлат непотребните работи. Користете кафеави, сиви и кремасти тонови.
Број 3
Бројот три е симбол на ширење, обновување и подобрување. Луѓето кои живеат на овој број често се перфекционисти, обично се љубезни и лојални, со оптимистичен поглед на животот, но често воздржани. Имаат истенчена смисла за хумор и цврсти ставови за слободата, религијата и семејството. Знаат да се однесуваат екстравагантно, да трошат пари кои ги немаат, а тоа им носи финансиски проблеми. Често имаат големо семејство, сакаат да уживаат во пороците и обично имаат проблеми со здравјето за време на својата средовечност. Во нивниот дом добредојдени се сини тонови и дрво, за да се зголеми поволноста на влијанието на бројката. Во животот би требало да бидат порационални и практични, а што се однесува до здравјето, потребно е да одржуваат нормална телесна тежина, да ја проверуваат состојбата на срцето и хормоните.
Број 4
Овој број на дом претставува комплицирано место за живот, бидејќи е симбол на конфликтот- две спротивставени сили од кои едната се бори за стабилност, а другата за промени. Во овој дом секогаш нешто се реновира, менува или купува. Поединечно бројката 2 им носи на своите сопственици чувствителност, емпатија и духовност, па зрачат со голема харизма. Судирот на темпераменти во овие станови е многу чест. Оваа бројка дефинитивно не е за меки и плашливи луѓе, туку за луѓе кои се навикнати да фунционираат под стрес и под нивната нежна надворешност имаат голема внатрешна сила. За нив е важно да ги одредат приоритетите во својот живот и да не ги занемаруваат луѓето на кои навистина им се важни. За да се зголеми позитивното влијание на овој број, а да се намали негативното, добро е да се има многу свеќи, цвеќиња и украси од стакло. Станарите би требало да се чуваат од мигрена, депресивни мисли и проблеми со кичмата.
Број 5
Овој број симболизира хармонија, убави мисли и емоции. Во оваа куќа е изразена друштвеноста, многу е посетувана, се разменуваат информации и гласини. Солидарноста и стабилноста се главните поволни влијанија на бројот 5, а станарите обично се успешни и во приватниот живот. Својата среќа ја градат полека и со цел, но сите препреки можат да ги преминат само ако се фокусираат на упорната работа. Лошиот аспект на бројот 5 е невнимателноста, на пример заборавање на клучевите, гасење на шпоретот, пеглата и слично. Одличен додаток кој ќе го засили позитивното, а ќе го намали негативното влијание се предмети од метал. Од здравсвени проблеми на станарите највеќе им претат зголемениот крвен притисок, но и чести инфекции на увото, грлото и носот.
Број 6
Овој број симболизира одлучност, цврст став и крајност. Во становите со овој број или постои изразена тишина или хаотичен дом со многу бучава и постојани промени. Исто така, ова може да биде дом на интензивен раздор и одбојност помеѓу станарите или пак интензивна страствена љубов и искрена поврзаност. Малку магичен, бројот шест делува така што од луѓето ги вади крајните емоции, а добро делува на учењето на нови работи и посветеност на хоби како готвење, фотографирање, компјутери или мајстории. Во овој дом луѓето се изразено креативни. За да се зголеми позитивното влијание на овој број, а да се намали негативното потребно е да се употреби жолта и светло зелена нијасна, како и создавање на голема дневна соба за собири. станарите мора да внимаваат на здравјето на своите заби и коски.
Број 7
Овој број е симбол на сонување, имагинација и бунт. Седумката обележува голема духовност кај своите станари, но и преосетливост и ранливост. Понекогаш станарите имаат проблем со тоа да се одвојат од реалноста и најчесто се истакнуваат со ставови кои не се вклопуваат со мислењето на другите. Според некои толкувања, најчесто во домовите со овој број се случуваат паранормални ситуации и други необјасниви работи. Луѓето кои живеат тука често се занимаваат со уметност, имаат домашни миленичиња и се големи перфекционисти. Лесно се заљубуваат и често остваруваат страствени, но конфликтни односи. Среќата на работата често им е променлива. Овие луѓе би требало да се држат подалеку од претерувањето со алкохол, цигари и сите видови на пороци воопшто. Добро е домот да се уреди со многу детали во виолетова боја за да се намали негативното, а да се зголеми позитивното влијание на бројот.
Број 8
Овој број е симбол на почитување, стабилност и сила. На станарите им носи добар углед, авторитет, па дури и слава, но и голема одговорност која често ја имаат кон другите. Ови луѓе се трудат да им угодат на сите, но со мера која не ја загрозува нивната добросостојба. Ова е нешто што го учат дури после своите 40 – ти години. Поради ова помладиот дел од станарите кои живеат во овој стан можат да бидат несреќни, но тоа нема да трае долго. Бројот 8 носи почит кон традиционалните вредности – семејство, пријателство, работа и љубов… И покрај стабилноста во овој дом, неопходни се чести поправки во овој дом и добро одржување од санарите, инаку може да дојде до многу проблеми. Ентериерот често е во темни бои, а за зголемување на позитивното влијание на осумката, убаво би било да се вметнат многу детали и украси како уметнички слики и огледала. Најголемиот здравствен проблем би бил лошиот имунитет, чести настинки и запаление на бешика.
Број 9
Овој број е симбол на големи поделби и тоа се одразува на физичкиот изглед на домот – многу соби, различно уредување во секоја и многу различни темпераменти кои живеат под ист кров. На луѓето кои живеат во него обично не им недостига инцијатива во животот, тие знаат што сакаат и директно се трудат тоа да го остварат. Многумина на тој пат ќе се послужат со разни лукавства и измами, бидејќи тие имаат многу чудно сфаќање на човековиот морал. Сепак, тоа не значи дека се лоши, туку исклучително снаодливи. Обично се многу успешни на работното место, а во домашна атмосфера се напнати. Сепак, тие се навикнати да живеат под стрес и во други околности би им било досадно. Во домот често може да се појават проблеми со греење, влага и топла вода. Станарите мора да внимаваат на љубовните проблеми кои можат да им донесат депресија, а инаку обично имаат добро здравје. За да се намали негативното влијание на деветката, добро е целиот стан да се поврзе во една еднинствена целина со бели ѕидови и насекаде да се постават украсни детали.