Прогласен е најдобриот град во светот
Извештајот за најдобрите градови во светот, кој го припрема специјализираната група на консултанти во Резонанс, го открива својот фаворит…
Лондон е апсолутниот победник на оваа листа, а ги претекна градовите како што се Сингапур и Њујорк, кои ги зазедоа второто односно третото место. За да ги одбереат најдобрите брендирани градови во светот, луѓето кои се занимавале со ова истражување изгледа дека земале сe во предвид – од квалитети на градски паркови и отворени простори, различноста на луѓето, безбедноста, економскиот просперитет, изборот на ресторан и ноќниот живот како и квалитет на уметноста и културата.
На листата се претставени градови од Европа, САД, Австралија, Азија и Канада.
Благодарение на динамичната шопинг сцена, гастрономијата и изразените уметнички и културни случувања, Лондон во претходната година имаше околу 3.5 милиони посетители, 20% повеќе во однос на период од пет години.
„Лондон е место каде што можете да уживате во мулти-етнички култури, луксузни бутици, универзитети и колеџи, како и ресторани кои ќе го задоволат вашиот вкус“, стои во извештајот.
Исто така, гледајќи ги социјалните медиуми, коментари и споделуваните слики, ниту еден град не доби таква онлајн рецензија и задоволни посетители.
Целата оваа ситуација допринесе и лесна достапност до британската престолнина, бидејќи постојат пет локални аеродроми со летови низ целиот свет.
Резултатите од Брегзит ги загрижија граѓаните од Британија и целиот свет но, судејќи по целата ситуација овој настан е повеќе од позитивен.
За крај, еве ги најдобрите 10 градови од оваа листа:
- Лондон
- Сингапур
- Њујорк
- Париз
- Сиднеј
- Амстердам
- Лос Анџелес
- Токио
- Сан Франциско
- Торонто