15
Nov

5 инспиративни идеи за дневна соба во црна боја

[stm_post_info]

Црната боја е секогаш во мода, а просторот секогаш може да го направи луксузен и модерен. Оваа боја луѓето најчесто ја употребуваат за декорација на приватните простории како што е спалната соба или бањата.

Сепак, со примерите кои ќе ви ги прикажеме ќе пробаме да ве убедиме дека црната боја може да биде совршена и за дневниот престој.

Некои од нив содржат акцентирани црни елементи како што се ѕидови и мебел, додека другите  ја опфаќаат темата во потполност.

Уживајте во петте заводливи решенија, од раскошни и модерни до удобни и шик соби.

Раскошна соба

Она што е направено во оваа соба е совршениот спој на темното дрво, мат црна и сјајна златна боја. Опремена е со модерен мебел, луксузна мермерна клуб маса и текстурален тепих. Фокална точка во прострот претставува светлата златна декорација на ѕидот, додека на другиот ѕид внимание привлекува контрасната бела слика со стратешки поставените лустери. На спротивната страна од просторот се наоѓа практичен црн плакар  со стаклени шибер врати кои ја штитат содржината на полицата зад нив.

5-inspirativnih-ideja-za-crnu-dnevnu-sobu-155-inspirativnih-ideja-za-crnu-dnevnu-sobu-35-inspirativnih-ideja-za-crnu-dnevnu-sobu-3

Црнобела соба

Митака Димов ја дизајнирал темната дневна соба со акцент на мотивациската порака „Остани Позитивен“. Користени се повеќе материјали и текстури кои пружаат богат изглед и ја истакнуваат црно-белата тема на просторијата. Спротивно од сјајниот црн ѕид во кое се огледуваат различни светлосни извори се наоѓа и софа од црно кадифе. Зоната за опуштање е предвидена да биде темна, додека трпезаријата е во бела боја, светла и отворена. Трпезариската маса е поддржана со столиците на Константин Грчиќ од колекцијата „Chair One“.

5-inspirativnih-ideja-za-crnu-dnevnu-sobu-95-inspirativnih-ideja-za-crnu-dnevnu-sobu-25-inspirativnih-ideja-za-crnu-dnevnu-sobu-8

Модерна соба

Акцентираниот црн ѕид во оваа дневна соба претставува совршена позадина за метални геометриски лустери кои се во тренд оваа година. Просторијата е опремена со темна софа и тепих во цик-цак дезен, а паркетот и мебелот од светло дрво. Белите перничиња совршено го дополнуваат ентериерот. Оголениот бетонски ѕид додатно се одвојува од жичаните носачи на скалите.

5-inspirativnih-ideja-za-crnu-dnevnu-sobu-13

Удобна соба

Душан Вукчевиќ ја осмислил оваа удобна дневна соба со мат црни ѕидови и софа со неутрални бои. Одбран е контрастен, сепак интересен спој од истрошен дрвен пакет и модерен мебел, како што е металната клуб маса, полици и големата ламба.

5-inspirativnih-ideja-za-crnu-dnevnu-sobu-4

Шик соба

Оваа шик дневна соба е најдобриот доказ дека црниот ѕид не ја прави собата „тмурна“ туку претставува совршена рамка за мебелот и најдобар начин за одвоеност на бојата и текстурата.

5-inspirativnih-ideja-za-crnu-dnevnu-sobu-6

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]