17
Nov

5 причини зошто треба да го чувате возилото во гаража

[stm_post_info]

Дали го чувате вашето возило во вашата гаража? Гаражата служи за чување и заштита на вашето возилo, но сепак многу луѓе ја отстраниле навиката секоја вечер да го паркираат возилото во гаражата.

Постојат многу добри 5 причини зошто луѓето треба да ја вратат таа навика и на гаражата да и ја вратат вистинската цел за која таа е создадена.

  1. Вашето возило подолго време ќе изгледа како ново

Доколку го паркирате возилото во гаража ќе го заштитите од сите „работи“ и остатоци од надвор, а возилото ќе изгледа како ново. Доколку секоја вечер го паркирате вашето возило во гаража ќе го заштитите од прашина, птичји измет, утринска роса и многу други надворешни влијанија.

Не се работи само за изглед на возилото. Вашето возило константно ќе изгледа како да му треба миење поради сите работи што се акумулираат на вашето возило се додека го паркирате на отворено. Доколку го паркирате вашето возило во гаража секоја вечер тогаш еден ден ќе заштедите на боја.

  1. Вашето возило ќе биде заштитено од бура

Многу е грозно кога низ прозорецот ќе видите како вашето возило ги прима ударите од град кога има невреме и вие не можете да направите ништо во врска со тоа. Дури и ветрот може да ги „залепи“ остатоците од улицата на вашето возило. Крајниот резултат е вдлабнатини, гребаници и изгребана боја. Доколку го чувате возилото во гаража тогаш не треба да се плашите од природата.

  1. Помали шанси за кражба и вандализам

Доколку го чувате вашето возило во гаража, вие ќе ја намалите шансата од кражба. Исто така ќе го заштитите од вандализам и од кражба на работите кои се наоѓаат во возилото.

  1. За ваша благосостојба

Студено и дождливо утро. Вие треба да одите на работа. Мора да одите веднаш, не можете да почекате дождот да запре. Излегувате надвор и одеднаш сте натопени од дождот, комбиниран со ветер, вие сте приморани да газите по вировите. Сите сме имале ваква ситуација еднаш во животот. Ова не е најдобар начин да се започне денот.

Ако возилото е паркирано во гаража, тогаш сè е суво, вие можете слободно и без неред и фрустрација да го започнете вашиот ден.

  1. Секогаш имате место

Сите знаеме каков може да биде градот, врвулици од возила, зонско паркирање, паркирање по тротоари итн. Скоро секогаш паркингот пред вашата зграда е преполн и вие едноставно сте приморани да паркирате многу подалеку од вашата зграда. Со вашето гаражно место или гаража тоа нема да се случи.

Доколку живеете во урбана населба, во денешно време, една од најважните работи за која треба да размислите доколку планирате да живеете во стан е просторот за паркинг.

Уличниот паркинг во атрактивна зона може да биде вистински кошмар и токму затоа нашите објекти се обезбедени со сигурен подземен паркинг на повеќе нивоа.

Не треба да трошите ни секунда од Вашиот живот барајќи паркинг место близу Вашата зграда од ден на ден. Во Elena Luka Home Вашето лично паркинг место секогаш ќе Ве чека слободно.

Изберете мудро кога донесувате одлука при изборот на Вашиот нов дом. Изберете Elena Luka Home.

14976674_1841330199434658_3157791156022180134_o

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]