5 трикови за бојадисување кои ќе го направат просторот поголем
Правилото за уредување на ентериерот во кој се вели дека малиот стан „не трпи“ бои веќе се минато. Истото важи и за верувањето дека на малите соби одговара што помалку мебел за просторијата да изгледа поголема. Опуштете се и преку боите внесете живост и уникатност во малиот простор. Искористете и трикови за визуелно да го зголемите.
Многу дизајнери на ентериер се согласуваат дека при изборот на бои во мали простории не постојат правила. Најважно е станот да зборува нешто за вашата личност, да се чувствувате удобно, а во исто време да ви се допаѓа. Сепак, потребно е да се има на ум дека при одредени стратегии на бојадисување, потребно е да се постигне одреден ефект.
Играњето со боите во станот претставува ефтин начин за декорирање и уредување на ентериерот, а предност на овој тип на декорирање е тоа што со малку труд можете да го промените ефектот доколку истиот не ви се допаѓа.
Ефектот на загасити и светли нијанси
Имајте на ум дека загаситите бои го апсорбираат светлото и имаат тенденција просторот да го направат помал така што визуелно ги приближуваат ѕидовите. Темните бои во детали кои не прикриваат голема ѕидна површина можат на просторот да му подарат и длабочина. Нијансите во средината на одредена палета кои не се премногу силни, но не се ни премногу бледи, се одличен избор бидејќи даваат живост на малите простории.
Тоа се тонови на кои големо влијание има и белата боја. Така на пример, наместо пурпурната боја, одберете ја виолетовата боја заблажена со многу бела боја.
Заблажената боја, онаа која ја добивате со мешање на бела, создава мирна и пријатна атмосфера, го засјајува просторот, но притоа ја одбива светлоста, па малите простори ги прави визуелно поголеми бидејќи светлите нијанси визуелно ги одвојуваат ѕидовите.
Боја во детали на необични места
Просторот зад полиците, околу рамката на прозорецот или околу некое друго необично место, обојте го во вашата омилена нијанса и на просторот дајте му длабочина. Доколку имате мал ходник кај влезната врата, ѕидовите во него можете да ги обоите со темна нијанса која постепено ќе ја осветлувате кон дневната соба. Така ќе се создаде приказ за ширина.
Контрастни ѕидови во различни бои
Иако на некои дизајнери на ентериер не им се допаѓа оваа идеја, дизајнерката Либи Лангдон, советува дека не би требало да се бои со смели бои во просторот. Малку потемнетата боја на еден од ѕидовите може да направи просторот да изгледа поголем.
Деталите во собата сплотени со бојата на ѕидовите
Како што различната боја на ѕидовите може да го подели просторот визуелно, истите тонови на деталите во просториите како и бојата на ѕидовите можат да го „сплотат“ малиот простор.
Во малите простории оваа дизајнерска игра може да направи многу. Перничињата која се во иста боја со бојата на лампата и стативот со слична нијанса со онаа на ѕидовите или завесите сигурно ќе пружат одлична дизајнерска атмосфера во мал простор.
Проширете го просторот со помош на ленти
Боењето на ѕидовите во ленти претставува уште еден начин на играње со боите кои можат визуелно да го издолжат или зголемат просторот во зависност од тоа како ќе ги поставите лентите. Доколку не саката сами да ги правите бордурите и да ги мешате боите на ѕидовите, можете и да залепите тапети со примерот на лентата. Должина на просторотможете да му додадете доколку плафонот го обоите малку со посветла нијанса бидејќи на тој начин просторијата ќе делува посветла.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Добро е кога ќе одбирате боја да обрнете внимание на ориентацијата на собата во која бојадисувате. Доколку собата гледа на север, до неа ќе допира помалку природно светло и за неа важно е да одберете топли тонови. Од друга страна, во просторијата која е свртена кон југ или запад, најдобро е да ве вклопат сини или зелени тонови.