Одберете идеални бои за вашиот мебел
Обично се смета дека мебелот треба да биде во неутрални бои, па ретко кој ќе се осуди својот стан да го трансформира во експеримент со бои. Доколку сте меѓу оние кои не се задоволни со просекот, а во вашиот стан доминира белата боја (ѕидови, подови, дел од мебелот, греди, елементи), неограничените можности ви се на располагање.
Пред сè треба да знаете дека удобноста во просторот многу зависи од комбинацијата на бои и светлост, а од вас зависи какви бои ќе одберете за да ви одговараат.
Доколку сакате вашиот простор да добие додатна топлина и удобност, идеално е да се искористи црвената столица во белиот амбиент како што е прикажано на фотографијата (Пантон од 1960 Витра) или некој друг жолт детал.
Доколку одберете црна боја, потребно е да знаете дека таа ќе ја смири црвената. Освен тоа, црната боја го прави предметот помал отколку што навистина е. Затоа оваа боја е добра за мали простории. Добар пример е столицата на дизајнерот Филип Старк кој направил комбинација од дизајните на дизајнерите Арне Јакобсен, Еро Саринен и Чарлс Имс и направил еден „стилски збир“ – столицата Мастер. Обрнете внимание на наслонот од столицата која има синусоидни линии, кои се преклопуваат и се спуштаат како седиште.
Доколку бирате ладна боја за вашиот мебел (сина, виолетова, зелена) треба да знаете дека боите делуваат смирувачки, па и вашиот простор ќе биде таков.
Обрнете внимание на нијансата на материјалот кога ја купувате за својот ентериер бидејќи неправилно измешаните бои можат да доведат до будење на бесот и агресивноста (тоа се случува со топлите бои) и чувство на тага или рамнодушност (случај со ладните бои).
Со поголемиот мебел како што се купените столици и маси, нема да имате проблеми бидејќи експертите во фабриките за мебел, најчесто 100% ги одредуваат вистинските бои пријатни за око.
Урбаните кујни се мали. Се смета дека кујнскиот простор може да биде пријатен доколку бојата на нејзините ѕидови е неутрална, а на тој начин ќе овозможи експериментирање со други бои. Цвекињата, вазните и свеќниците можат да создадат најефективна атмосфера.
Исто така и добро избалансираните материјали, квалитетот и бојата која се вклопува со целокупната колоритна слика на просторот. Жолтите перничиња, но и прекривките, столиците, цвеќето, вазните пепелници и другите детали кои емитираат радост и топлина. Обратете внимание кога ја согласувате жолтата боја во вашиот простор бидејќи добро е познато дека жолтата и црната боја се највпечатливи бои за човечкото око. Доколку сакате да истакнете некој драг жолт предмет тогаш поврзете го со црна боја и спротивно.