19
Nov

Допир на природата во вашиот тоалет

[stm_post_info]

Во случај да сакате во својот тоалет да внесете природна убавина и сите нејзини позитивни влијанија на човековото секојневие, живиот декор претставува вистинска прилика за тоа…

Живите парчиња мебел моментално се многу популарен тренд, а месеци наназад можевме да видиме се повеќе дизајнери ширум светот како го вклучуваат на многу креативен начин во дизајнот на мебел. Еден од апсолутните фаворити на мебел се живите плочи од дрво за тоалет.

Овие плочи коже да бидат комбинирани со висечки ормари и ѕиден мебел за тоалет, креиран од различни материјали или едноставно да се користат како самостојно парче кое го нуди токму она што е потребно во помалите тоалети и простории наменети за шминкање или пресоблекување.

Тие варираат од едноставни до спектакуларни и секое од овие лавабоа овозможува вградена и органска вибрација која на секој тоалет му обезбедува врвна промена. Без разлика дали сакате да направите брза промена во постоечкиот тоалет или само барате идеален мијалник кој совршено би се вклопил со секогаш популарниот, рустичен стил, ова е една од опциите која не би требало да ја занемарите.

Сè што ви е потребно е вистинското парче на дрво, што помалку обработувано. Секако некои ктоалети бараат малку по – исполиран пристап на овие плочи, но тоа е само неколку дополнителни часови работа на материјалот. Природните, прекрасни парчиња дрво можат слободно да се искористат како плочи за мијалник во тоалетот и на крајот можат да станат централна точка на вашиот простор со што ќе го обликуваат стилот на самата просторија.

Без разлика на тоа што плочата за мијалник може да служи исто како и самиот мијалник, на нив постои и слободен простор каде можете без никакви проблеми да додавате и други елементи.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]