Кои бои ќе бидат во тренд идната година?
Во склад со својата традиција, Пантоне ги објави топ 10 – те бои за пролет 2017 за да се усклади со различните модни недели ширум светот. Нивните предвидувања се обично точни.
Оваа година, боите на листата се помалку пригушени, земјени тонови, вклучувајќи ги боите на кељ и костен, со жолтата боја на јаглика и месечева сина.
Ова е листата на топ 10 бои за 2017:
А еве како сите 10 бои изгледаат кога се применети во уредување на домот:
Кељ зелена
Кељот не е само тренд кај храната. Се предвидува дека ќе биде една од Пантон боите за 2017. Во ентериерот можете да ја примените на суптилен начин. Во облик на табуретка, перници или уметност. Исто така можете да ја употребите на целиот ѕид или да купите софа во таа боја.
- Бојата на кељот ја доживуваме како боја полна со кислород, како кога вдишувате свеж воздух. Светот на архитектурата е исто така во овој тренд со оглед на тоа дека се повеќе се применуваат вертикални градини, зелени кровови и деловни згради преполни со зеленило од Њујорк, па се до Дубаи – вели извршната директорка на Пантон Колор Институтот.
Жолта јаглика
Огнено црвена / портокалово – црвена боја
Боја на зеленило
Лешник кафена
Месечева сина
Ниагара сина
Светла розе дренка
Розова ајдучка трева и Островски рај – сина