23
Nov

Скандинавска гарсоњера од 22 м2

[stm_post_info]

Со површина од само 22 метри квадратни, би помислиле дека овде ќе најдете само кревет и можеби една маса. Оваа мала гарсоњера содржи се што е потребно за удобен живот на еден човек.

Таа содржи спална и дневна соба, трепезарија, кујна и купатило. Како што можете да приметите, целиот ентериер во оваа гарсоњера е со светли тонови кои визуелно го зголемуваат и оној најмал простор во станот. Со оглед на тоа дека се наоѓа во скандинавска земја, нивниот типичен елегантно минималистички стил го карактеризира целиот простор.

Секој сантиметар од овој стан е искористен на најдобар начин и има своја функција, бидејќи тука нема простор за „фрлање“. Компактниот мебел идеално се вклопува во просторот, креирајќи удобен амбиент, без разлика на недостатокот на квадратура.

Како многу необичен дел од декорацијата, креветот се наоѓа на подигната платформа за да не завзема простор кој инаку би можел да биде многу подобро искористен. Во близина на креветот се наоѓа елегантна стаклена масичка за кафе, додека подот добива малку луксузен допир со додавање на крзнен тепих.

Ѕидовите во овој стан се во крем боја, која е скоро идентична со нијансата на подот. Нас софата во дневниот престој се наоѓа полица за книги и плакар идеален за складрање на непотребни работи. Во волку мал простор, нередот е најмалку потребен.

Она што е добро е фактот дека оваа гарсоњера има големи прозорци кои пропуштаат изобилство од светлина и визуелно ја прават поголема и попријатна. Во кујнскиот дел можеме да забележиме полици кои се протегаат до плафонот и на тој начин просторот изгледа уредно.

Значи, како што можеме да видиме од овој пример, дури и кога немате на располагање 100 квадратни метри или повеќе, можете да живеете во удобен, топол и комфорен стан.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]