23
Nov

Мажествен стан во традиционална градба

[stm_post_info]

Во традиционалната градба во Монтреал, која пред кратко време е претворена од противпожарна станица во стамбена единица, се наоѓа еден врвен стан…

Манон Белангер го прифати предизвикот да го реновира станот за кој зборуваме, Loft Vieux Montreal и да му подари оригинално, современо чувство. Станот кој можете да го видите подоле на фотографиите ги користи сите предности на карактерот и локацијата на градбата во која се наоѓа и што е најдобро, нуди спектакуларен поглед на реката St Lores и пристаништето.

Првото нешто кое ги поздравува гостите на влезот е импресивна дневна соба од отворен план, која се прелива во трепезариското катче/ Функционалните зони во станот се визуелно одвоени и обележани со дрвени греди. „Сакавме да го покажеме богатството од архитектура и материјали, додавајќи мажествен изглед на ова место“, велат архитектите.

„Изборот да се заменат дрвените скали кои водат до терасата со челични спирални скали даде допир на леснотија на овој простор, покрај реставрацијата на дрвениот под со матирани бели завршни детали. Крајниот резултат е стан кој има силна личност, како и човекот кој ќе живее во него“, додаваат тие.

Посебно убав дел од овој простор е катчето за читање, каде две традиционални фотелји ја ублажуваат позадината од цигла. Ова е идеално место за интелектуални разговори и добар одмор после долгиот работен ден.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]