23
Nov

Традиционална италијанска вила

[stm_post_info]

Сместена во малото италијанско село Ревиглиаско на само неколку километри од Торино, оваа шармантна вила е вистинскиот пример за италијанската архитектура и стил.

Таа датира од седумнаесетиот век, а некогаш припаѓала на еден познат гроф. Се состои од прекрасни главни вили од 650 квадратни метри како и одвоени куќа за чуварот, италијанска градина, барокни капели кои се изградени во 1668 година.

Нема да ве изненади фактот дека овој посед е ставен на продажба по цена од 3.2 милиони евра. Прекрасниот затворен двор на оваа вила ќе ве потсети дека сте се вратиле во времето, но тоа не значи дека овде нема да ве очекуваат модерни предности и комфор.

Поделена на три нивоа. На приземје, главната вила има две дневни соби, студио, трпезарија, опремена и врвна осветлена кујна и две бањи.. На првиот спрат се наоѓа мастер спална соба со вграден гардеробер и бања.

Терасата ве води до интимен будоар, додека погледот кон дворот и градината со магија ве заведуваат, а вие се чувствувате добредојдено. Исто така вреди да се спомнат и трите големи спални соби со приватни бањи и вградени креденци, додека вториот кат е сеуште недовршен и бара малку љубов и внимание од следниот сопственик.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]