25
Nov

Што зборуваат боите на ентериерот за вас

[stm_post_info]

Преку боите на ентериерот ја изразуваме својата личност. Ги менуваме повремено, но повеќето од нас се склони на одредени нијанси. Тој избор не е случаен. Откријте што говорат боите за вас и уредете го домот во согласност со вашиот карактер.

Ведри и топли тонови на жолта боја

Жолта, портокалова и бојата на праска се ведри, асоцираат на сонце и оган – на отворена личност, полна со животна енергија. „Луѓето кои користат топли тонови секогаш се добро расположени и дружељубиви“, вели Летрис Ајсмен, извршна директорка на Институтот за бои „Пантон“. Но тие се многу повеќе од тоа: луѓето кои ја сакаат жолтата боја се интелигентни и со авантуристички дух и над сè, ја ценат слободата.

Топлите нијанси ентериерот го чинат поенергичен, поинтимен, стимулираат разговор и апетит, додека поладните тонови визуелно го прошируваат просторот. За да намалите „температурата“ во вашиот дом, измешајте жолти тонови со сино – сива и зелена нијанса, а портокаловата со црна, советува Ив Ешкрафт, авторка на книгата „Вистинска боја“.

Нежни, пастелни нијанси

Личностите во чиј дом преовладуваат нежни нијанси на пастелно сина, зелена и боја на кајсија ја сакаат природата. Потсетуваат на ведро небо или пространо поле и внесуваат мир во домот. „Благодарение на намалениот интензитет на топлина и ведрина, делуваат пријатно на очите„, вели Рон Рид, професор за дизајн на ентериер.

Доколку во вашиот ентериер доминираат зелена боја и сродни нијасни на неа, вие домот го сметате за оаза на мирот во овој забрзан свет. Повлечени сре во себе, молчаливи и срамежливи. За да внесете малку енергија, комбинирајте ги пастелните тонови со жолти, портокалови или кафени парчиња на мебел и детали.

Елегантни бои на скапоцени камења

Нијансите на рубин, сафир, аметист и топаз во домот имаат луѓето кои преферираат раскош и луксуз. Тие се отворени, доверливи, креативни и елегантни. Сјајот на скапоцениот камен е совршен за прикривање на мааните – го прават ентериерот гламурозен и удобен.

На пример, купатилото во кое доминира морнарско – сината боја делува потемно и потесно, а нијансата на сафирот п подинамично. Комбинирајте ги елегантните тонови со неутрални или пак бои со сличен интензитет. Користете ги во просториите во кои не поминувате премногу време – во трепезарија, ходник или тоалет.

Стабилни, неутрални тонови

Како гранитот и мермерот, сивата, кафената, беж и бојата на слонова коска се бои кои даваат впечаток на постојана присутност. Доколку во вашиот дом преовладуваат неутрални тонови, веројатно се практична и стабилна личност која не ги следи слепо трендовите.

Ѕидовите со земјени нијанси делуваат неупадливо и истовремено овозможуваат смели комбинации на бои на мебелот. Некои меѓутоа ги сметаат за досадни. Доколку сакате да го освежите својот дом, дополнете со ткаенини кај дрвените, стаклените и металните површини. Направете контраст со помош на бои и материјали за вашио животен простор да не делува стерилно и обично.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]