28
Nov

Како правилно да ги поставите вашите слики на ѕидот

[stm_post_info]

Поставувањето на слики, исто како и нивното цртање е балансирачки акт на просторот, боите и пропорциите. Начинот на кој уметноста е поставена е важна и трансформирачка, не само во однос на просторот, туку и чувството кое го даваат самите слики.

Нека не ве загрижува прашањето дали ги поставувате омилените постери или пак уметнички слики од Пикасо. Вистината е дека визуелно сè може да изгледа одлично кога е врамено и поставено на соодветен начин.

Подолу ви претставуваме неколку од најинспиративните примери за тоа како да ја поставите и декорирате уметеноста.

Пред да ги погледнете примерите, прочитајте ги петте основни правила за тоа како правилно да ги поставите вашите уметнички дела, постери или пак цртежите на вашето пет годишно дете:

  1. Сликите никогаш не ги поставувајте превисоко на ѕидот (ова е многу честа грешка). Идеалната висина се мери од центарот на сликата (доколку нема парче мебел под неа) и е помеѓу 155 и 160 сантиметри од подот.
  2. Кај поставувањето на слики важи правилото на пропорција и баланс. На пример, ако поставувате слика над камин, не оставајте премногу простор под неа, освен ако тој простор не планирате некако да го пополните визуелно, на пример со часовник.
  3. Доколку планирате да поставите слики во одредена шема, најпрво наредете ги на подот пред да ги поставите.
  4. Кога поставувате слики, водете се од двете страни (точки) на задниот дел на рамката на сликата, не само од едната. Ова ќе спречи сликата да биде искривена во однос на останатите елементи околу неа.
  5. Секогаш користете нивела за да бидете сигурни дека сликите се рамно поставени, но секогаш на крајот верувајте му на окото бидејќи не секогаш ѕидовите и лајсните се рамно поставени.
[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]