30
Nov

Декорација на станот со мал буџет

[stm_post_info]

Ретко кој дом ги следи „правилата“ за дизајнирање на ентериерот, бидејќи секој простор се базира на она што сопственикот го сака или не го сака. Сепак, со помош на неколку професионални совети од дизајнерите, ви претставуваме идеи кои ќе ви помогнат да го разубавите својот дом и да не потрошите вистинско богатство.

Одберете ја вистинската боја за ѕидовите и тапетите

Вистинскиот избор на бои, тапети и прилагодување на истите, може да и  даде одличен изглед на вашата дневна соба. Со оглед на тоа дека токму вие ќе поминувате најголем дел од времето таму, мора да обрнете внимание и да одберете боја за ѕидовите која ќе биде најдоминантна. Имајте на ум дека сината и другите неутрални бои се идеални за мирни окружувања.

Не претрупувајте со мебелот

Ако сакате скапоцен мебел, тогаш треба да знаете дека една фотелја може да вреди повеќе од цела гарнитура, во секоја можна смисла. Ако го купите вистинско парче мебел за својот дом, тој како таков ќе биде многу повреден од купот на мебел кој никако не се вклопува во вашиот прстор. Кога купувате, купувајте внимателно – не го купувајте тоа што го сакате, туку тоа што ви е потребно.

Стилизирајте ја трепезаријата со осветлување и мебел

Трепезаријата се смета за заедничка просторија и би требало да биде во центарот на вниманието. Целиот дизајн на вашиот дом може да зависи од декорацијата на трепезаријата. Мат зелената боја во овој случај е идеален избор, додека осветлувањето мора да биде во вашиот фокус и во хармонија со боите и стилот на вашата трепезарија.

Што можете да направите со завесите

Во случај да сакате да го трансформирате својот дом само привремено, завесите би биле добредојдени. Ако сакате да го менувате изгледот на станот, одлучете се за поевтина варијанта на завеси. Сепак, еднократното вложување е секогаш подобра опција – поскапите завеси ќе изгледаат подобро, ќе му дадат гламурозен изглед на просторот и ќе траат подолго.

Обрнете внимание на вашата спална соба

Секако дека оваа просторија мора да биде во центарот на вашето внимание – сè што се наоѓа во неа мора да биде по ваш вкус, за да можете да уживате и да одмарате на вистински начин. Една работа која е неопходна во спалната соба, а на која не би  требало да се штеди е квалитетниот душек и кревет. ОСвен тоа, сè друго што се наоѓа во неа може да биде лесно достапно, рециклирано или старо.

Немојте да го туркате мебелот до ѕидот

Помеѓу мебелот и ѕидот мора да има мала одaлеченост. Прво, така ќе ги зачувате мебелот и ѕидовите од оштетување. Исто така, декорирајте ги ходниците со мали теписи – нив можете да ги пронајдете секаде, само е важно да одговараат со остатокот од вашиот простор.

Немојте да го игнорирате стариот мебел

Ако сте купиле нов мебел за својот дом, тоа е одлично. Но, што е со мебелот кој веќе го имате? Ако не можете да го продадете, тогаш претапацирајте или прелакирајте го, или пак користете го за некоја друга намена. Сигурно дома имате некој застарен плакар кој можете едноставно да го освежите.

И на крај, кога го уредувате својот дом, неговиот ентериер мора да биде нешто што вам ви се допаѓа. Тоа е единственото правило кое мора да го следите, бидејќи единствено на тој начи можете да креирате индивидуален простор, карактеристичен само за вас.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]