28
Jun

Нека вашиот дом замириса на лето

[stm_post_info]

Сега кога конечно завршивме со пролетното чистење на нашите домови, вистинско време е да има дадеме шанса да не опијат со своите мириси…

Мирисот е сетило кое има силно влијание на нашето мислење во некој простор. Во некои соби, лесно можете да го освежите воздухот со едноставно проветрување, додека во други, посебно ако живеете во центарот на градот, не можете лесно да го „избркате“ мирисот на застоен воздух и смог.

Ние ви нудиме витински решенија за овие проблеми, решенија кои потекнуваат од природата, а од вас бараат само малку труд. Секој од начините кои ќе ви го претставиме, можете да го приспособите на себеси.

Спреј од есенцијално масло

Креирајте уникатен мирис за својот дом, мешајќи неколку ваши омилени ароматични масла. За да креирате спреј без хемикалии, маслото купете го во доверливи продавници. За време на правење на спрејот, можете да додадете малку алкохол за да го спречите одвојувањето на маслото од водата. Сепак, ако сакате да го избегнете алкохолот, едноставно промешајте го шишенцето пред користење. Својот нов спреј можете да го украсите со гранле исушено свеќе и да го чувате на некое видно место.

02 (1)

Еукалиптус и билки за бањата

Бањата многу лесно можете да ја претворите во единствена спа оаза, ако во неа внесете букет рузмарин, лаванда и еукалиптус. Овие билки ги има на пазарите и воопшто не се скапи. За да направите свој букет, едноставно врзете неколку гранчиња со конец, закачете ги во кадата и тоа е тоа. Пареата која ја создава топлата вода од тушот ќе ја разнесе оваа пријатна арома низ целата просторија.

01

Восочни украсни вреќички

Како модерна варијација на текстилните вреќички, овие ароматични плочки се направени од потопени мириси и билки во восок од пчели. Цветните ливчиња изгедаат прекрасно кога ќе се прелијат со восокот! Многу лесно можете да креирате свои плочки со помош на неколку декоративни цветови и есенцијални масла. Сè што ви е потребно е силиконски калап, восок, масло и цвеќе. Советуваме вреќичките со овие плочки да ги распоредите насекаде низ својот дом за да можете секогаш да уживате во мирисите кои се шират.

02 (2)

Летни миризливи лонци

Дали се сеќавате на зимата кога целиот стан мириса на ванила и цимет поради храната која се готви за време на празниците? Иста таква  варијанта ви предлагаме и сега, само направете неколку измени. Циметот и зимските мириси заменете ги со летни кои се освежувачки и пријатни. Значи, наместо цимет, користете нане и краставица. Оставете ги во вода која врие и уживајте во мирисот кој се шири. Исто така можете да правите варијации на оваа тема – пробајте лимон и еукалиптус или рузмарин и зелен лимон! Ќе се почувствувате како да сте на море!

02 (3)

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]