14
Oct

Беж боја за вашата дневна соба

Вистински предизвик при уредување на станот е да се избере соодветен дизајн за дневната соба. Дневната соба, првично, треба да биде пријатна за оние кои живеат во станот, но секако и за гостите, бидејќи ова е просторијта каде што најчесто се собираат луѓето при посета. Неутралните бои се почесто се користат од дизајнерите при декорирање на овој простор од домот. Беж бојата е позната по нејзиниот релаксирачки ефект, боја која може да му донесе хармонија и топлина на просторот. Но како правилно да ја декорирате вашата дневна соба со помош на оваа боја?

The-Provence-Style-And-Beige-Living-room-980x654

Во повеќето случаи беж бојата се користи како основна. Главната особина на оваа боја е нејзината флексибилност – може да се создаде монохроматски или светол ентериер, да се изберат два, три тона или да се искористи целата палета. Беж ентериерите ги поврзуваме со луксуз и просперитет и никогаш нема да излезат од мода. Покрај тоа беж ентериерите се надополнуваат со било кој стил, почнувајќи од класичниот па се до поп-арт стилот.

Beige-and-White-Combination-Living-Room-Interior-980x653

Beige-Living-Room-Interior-980x735

Класичниот стил перфектно се совпаѓа со неутралните бои, но едноставноста и симетријата мораат да бидат запазени. Ако ѕидовите се во светла беж боја, тогаш подот мора да биде темно кафен. Ова правило се однесува и на мебелот.

The-Classic-Style-And-Beige-Living-room-980x653

The-Minimalist-Style-Beige-and-Brown-colors-Living-room-980x654

Минимализмот се повеќе и повеќе станува популарен. Совршен е за мали апартмани каде просториите не се поделени во зони. Ако станува збор за мал апартман, тогаш комбинацијата беж боја и минимализам е совршена. Бојата визуелно го зголемува просторот, а правилата на стилот не дозволуваат преобемен мебел и премногу детали. Може и да се додаде дополнително некоја светла боја како би се заживеала атмосферата.

The-Minimalism-Style-And-Beige-Living-room-980x445

Модерниот стил искомбиниран со беж бојата ја прави дневната соба удобна и пријатна. Нежната боја создава прекрасна позадина за да може да се постават светли акценти како, завеси или перници. Текстилот треба да содржи цветови, чии тонови ќе се совпаѓаат со беж бојата.

modern-living-room-furniture-design-ideas-980x654

living-room-curtain-ideas-modern-980x586

The-Modern-Style-And-Beige-Living-room-interior-980x551

Погледнете уште неколку интересни идеи.

Advantages-And-Features-Of-The-Beige-Colour-In-The-Interior-Living-room-980x736

Decoration-Of-A-Living-Room-In-Beige-Colour-980x613

The-Country-Style-Beige-and-Brown-colors-Living-room

White-Grey-and-Beige-Living-Room-Interior-980x719