28
Feb

Како изгледаат првиот ресторан и кафуле на Луј Витон во Осака?

Луи Витон на 1 Февруари ги отвори својот прв ресторан и кафуле. Брендот за првпат ќе стапне во кулинарските води и тоа во Осака, Јапонија. Le Café V и Sugalabo V ќе нудат специјалитети од познатиот готвач Јосуке Суга. Le Café V ќе биде сместено на последниот кат на продавницата. Ќе има и коктел бар и надворешна тераса и ќе биде идеално место каде клиентите би можеле да се релаксираат после шопингот. Предвиден е и внатрешен дел во кафулето каде што ќе се служи храна.

За време на вечера, ќе се отвораат вратите на Sugalabo V. Концептот е ист како во ресторанот Suga во Токио, каде што е невозможно да пристапите, и е рангиран како 47-ми најдобар ресторан во светот.

Позади тајна врата – концепт на speakeasy, ресторанот ќе има отворена кујна.
Ентериерот е дизајниран од Јун Аоки и треба да асоцира брод кој плови на вода. Во неговата изградба се употребени традиционални јапонски материјали.

Ресторанот ќе има ограничен број на гости секоја вечер.

70025_LV_200127_Osaka-Midosuji_7F60354_LV_200127_Osaka-Midosuji_5F20969_LV_200127_Osaka-Midosuji_1F12146_LV_200127_Osaka-Midosuji_Ext40593_LV_200127_Osaka-Midosuji_3F70214_LV_200127_Osaka-Midosuji_7F71228_LV_200127_Osaka-Midosuji_7F60102_LV_200127_Osaka-Midosuji_5F70930_LV_200127_Osaka-Midosuji_7F71204_LV_200127_Osaka-Midosuji_7F