24
Apr
Еве зошто становите на приземје се најатрактивни
[stm_post_info]
Во потрагата за идеалниот дом, многумина ги избегнуваат становите кои се сместени на приземјето. Меѓутоа, живеењето во стан лоциран на приземје има и свои предности, особено ако се работи за високо приземје. Погледнете неколку причини поради кои би се одлучиле да го свиете Вашето гнездо во стан на приземје.
- Идеален е за фамилии со мали деца – со тоа што станот се наоѓа на приземје значи дека немате дополнителни скали за качување или чекање на лифт. Тоа е особено практично за фамилии со мали деца. Тие често со нив носат колички за децата, а и доколку немаат колички, многу полесно е палавите и растрчани деца да ги упатите во стан кој е поблиску до влезот и да не чекате лифт.
- Идеален е и за фамилии кој имаат онеспособен или постар член – секој влез во зградите има пристап за хедикепирани лица, па за нив е многу попрактично да живеат во стан на приземје. Постарите лица секогаш би избрале да не се качуваат по многу скали, а и да не се качуваат со лифт, особено ако пазарувале или не се чувствуваат добро.
- Становите на приземје се секогаш поладни во лето – тие се речиси секогаш под сенка, па така во лето нема да мора да ја оптоварувата климата. А и ноќите ќе бидат поладни.
- Становите на високо приземје имаат поголема приватност – за разлика од становите на класично приземје, становите на високо приземје уживаат поголема приватност. Терасата и прозорците се повисоки, па нема да може толку лесно љубопитните минувачи да Ви ѕирнат во Вашиот дом. Зградите на Elena Luka Home се со високо приземје, бидејќи Вашиот комфор е на прво место.
- Тие се и побезбедни – становите на високо приземје се далеку побезбедни од оние на класично приземје.
Зградите на Elena Luka Home се олицетворение на комфорно и планирано живеење, па затоа и сите се проектирани и изградени со високо приземје. Побрзајте, преостанати се уште неколку станови на приземје на нашиот објект Connect 5 во населба Мичурин, може да ги погледнете овде:
Стан бр. 5 Comfort 82м2 – Влез 1
Стан бр. 5 Comfort 82м2 – Влез 2
Стан бр. 7 Air 68м2 – Влез 2
Закажете состанок на 072/216-099. ☎