02
Jan

FUTURA 2 – The Future Is Here

За време и свет кој никогаш не стои мирно.

Промената е клучниот фактор во животот. Велат дека оние кои гледаат само во минатото и сегашноста ќе ја пропуштат ИДНИНАТА.

Објектот ФУТУРА 2 дизајниран од нашите архитекти, може да живее уште 100 години и да ги раскажува и прераскажува приказните од минатото, а истовремено и да ја обликува иднината.

Кога ќе ја здогледате ФУТУРА 2 секако нема да останете рамнодушни. Објектот во целото свое здание со својата форма и фасада укажува на брзина, на динамичност, на движење. Истата таа динамичност ФУТУРА 2 ја има и во себе, провлекувајќи се во секој кат, во секој стан, во секоја соба.

Oбјектот ФУТУРА 2 е лоциран во најголемата, најстарата и најразвиената македонска општина – Кисела Вода.

Лоцирана на самиот булевар „Борис Трајковски“ на само 7 минути од центарот на градот, ФУТУРА 2 со атрактивните квадратури, идеалниот распоред, уникатната и модерна фасада ќе ги задоволи потребите на сите футуристи кои сакаат да отскокнат од шаблонското домување кое се нуди.

Актуелниот деловен простор од 939м2 на ФУТУРА 2 со својата нагласена височина и дизајн е ексклузивен и како таков е наменет за комерцијално-деловни содржини.
Тој е внимателно проектиран на тој начин што е осветлен и обогатен со конструкциски материјали кои се карактеристични за футурстички објект како што е ФУТУРА 2 и преку својата отвореност овозможува лесна комуникација со минувачите и главниот булевар преку своите големи стаклени површини кои дополнително овозможуваат проток на природната светлина и на тој начин го прават овој деловен простор магнетено привлечен за Вашите потенцијални клиенти, со тоа и Вашиот иден бизнис ќе има загарантиран успех.

Авантуристичкото домување на ФУТУРА 2 е распоредено во 135 компактни и флексибилни станбени единици кои се карактеризираат со движење и проток распоредени на 9 ката.

,,Кога го проектиравме овој објект, не сакавме да се претопиме во околината. Напротив, проектиравме модерна зграда која се двои од околината и поставува нови стандарди во градењето. На тој начин не само што создаваме иден дом за многу семејства, туку и придонесуваме кон издигнување на нивото на целиот урбанизам.”  – велат нашите архитекти.

Динамичната организација на внатрешниот план на ФУТУРА 2  наизменично се менува по нивоата во два карактеристични ката и притоа се создаваат серија архитектонски фрази чија динамика директно се отсликува во надворешниот изглед на ФУТУРА 2.

Секоја станбена единица е внимателно проектиран посебен свет, токму како што сите сме различни, а поврзани со една мисла – патување кон иднината.

Програмската структура на делот за домување на ФУТУРА се состои од двособни, трособни и  четирисобни станбени единици со квадратура од 35m2 до 88m2. Многу нови светови за откривање, многу планети на кои Вие ќе ја создавате Вашата иднина. За полесно да го најдете Вашиот стан во кој ќе ја дочекате иднината, ние ги поделивме нашите станови по квадратури и распоред на собите и ги именуваме со поими поврзани со вселената.

  •  

Еднособни

  • Supernova  

Двособни

  • Sputnik

  • Red Moon 

  • Sun

  • Mars 

  • Moonwalk 

  • Krypton

  • Flora 

  • Orbita 

Трособни

  • Stardust  

  • Aurora 

  • Magma 

Четирисобни

  • Titan

  • Calypso 

 

Што е тоа што ги издвојува нашите станови?


Овие станбените единици се прилагодени на новиот, подинамичен начин на живот. Тие ги имаат следниве карактеристики:

Едноставен распоред и функционално распоредување на просторот

Тоа значи дека немаат многу ходници, а просторот е максимално искористен за сите Ваши животни навики.
Една од практичните карактеристики на становите во објектот Futura е нивното зонирање по функции – дневната, поактивна зона е одделена од ноќната, пасивна зона. Тоа значи дека дневната соба, кујната и сите простории во кои се одвиваат сите активности се во една зона, додека ноќната зона, која треба да биде потивка и посмирена е одделена. 

Промената е движечката сила и инспирација за фантастично модерниот изглед на Futura, а кон тоа придонесува и флексибилната организација – односно просторот е прилагодлив и може во секое време да го преградите според Вашите потреби. Особено е практично за овој период кога многумина работат од дома и им е потребна домашна канцеларија или доколку одлучите да го проширите семејството и Ви е потребна уште една соба.

Енергетски ефикасни

Кон тоа придонесуваат комбинација на елементи – изолацијата, 4 сезонско стакло на прозорците и демит фасадата. Становите се одлично изолирани. Преградните ѕидови меѓу просториите во станот се масивни, ѕидани, а становите меѓусебно се термички и звучно изолирани. Приватноста Ви е загарантирана.

Вискоквалитетни материјали

Kупувањето стан е животна инвестиција и ја разбираме Вашата желба сите детали да бидат доведени до совршенство. Затоа внимателно ги избираме сите материјали кои ги вградуваме во нашите објекти, а FUTURA 2 не е исклучок. Сите санитарии и плочки кои се вградуваат се од висококвалитетни шпански брендови. Нашите искусни мајстори со огромна прецизност и внимание работат на сите позиции за да осигурат квалитетна изградба на објект кој ќе стане дом на многу семејства.


Се што треба да направите е да го изберете Вашиот иден чекор, ФУТУРА 2 секако ќе го следи секое Ваше движење.

За повеќе информации контактирајте не’ на:
☎️ 023103816,
📱 070276511 или
✉️ contact@elenalukahome.com