Стартуваше уште една успешна приказна на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ – Осветен камен темелникот на станбено-деловниот објект FUTURA 2
ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ завчера ги освети темелите на новиот премиум станбено-деловен објект FUTURA 2, којшто е продолжение на веќе познатиот и успешен проект FUTURA 1.
На овој свечен чин присуствуваа голем број на клиенти и соработници на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, како и тимот кој неуморно работи на остварување на секоја успешна приказна на нашата етаблирана компанија.
По овој повод сопственикот и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, г-ѓа Елена Пандева, изјави:
„Чест ми е и сум особено горда што денеска ги поставуваме темелите на една нова успешна приказна за нас како ELENA LUKA HOME, но и за сите идни станари кои тука ќе имаат една убава и среќна иднина и домување по највисоки стандарди. FUTURA 2 ја продолжува успешната приказна на веќе добропознатиот станбено-деловен објект FUTURA и несомнено овој објект, кој се простира на површина од 17.000 метри квадратни, ќе претставува архитектонски печат на градот.
ELENA LUKA HOME својот кредибилитет во градежната индустрија го создаде врз основа на квалитетната изведба, уникатните градби кои се издвојуваат од своето опкружување, и вниманието посветено буквално на секој сегмент. Токму тоа нашите клиенти го препознаваат и почитуваат и стануваат наши лојални пријатели кои својот дом го создаваат токму во нашите објекти. Земајќи ги сите овие карактеристики во предвид, FUTURA 2 е сигурна инвестиција за секоја индивидуа и семејство кои токму овде ќе го создаваат својот дом, но и за секој бизнис кој што сигурна сум дека ќе ги препознае сите предности на атрактивниот деловен простор што овој објект го нуди.
Сакам да се заблагодарам на сите што присуствуваа на овој убав настан, од мое име и името на мојот тим и се гледаме на некој нов камен темелник којшто ќе биде многу набрзо, а воедно посакувам успешен почеток на оваа нова урбана приказна во градот, FUTURA 2“.
Освен станбен дел, FUTURA 2 нуди и атрактивен деловен простор, којшто се простира на површина од 949 метри квадратни. Дизајнот на фасадата на FUTURA 2 директно ја одразуваа динамичноста на внатрешноста на објектот каде организацијата на два различни карактеристични ката наизменично и ритмично се повторуваат по целата вертикала.
Честитки и уште многу успешни приказни за ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ.