17
May

ELENA LUKA HOME – Златен спонзор на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје

ELENA LUKA HOME, нашиот реномиран бренд во градежната индустрија, ќе биде Златен спонзор на претстојната Конференција за комерцијални недвижности во Скопје, којашто е закажана за 22-ри мај.

ELENA LUKA HOME ексклузивно ќе го презентира својот премиум станбено-деловен комплекс FUTURA, којшто е репрезент на највисоките стандарди во современото домување.

„На претстојната Конференција за комерцијални недвижности, ELENA LUKA HOME како Златен спонзор на настанот ќе има ексклузивна презентација на премиум станбено-деловниот комплекс FUTURA кој како концепт ги обединува сите аспекти на квалитетното живеење: модерен дизајн, кредибилитет, висококвалитетни градба и материјали, функционалност, енергетска ефикасност, урбан животен стил. Јавноста ќе има можност да се запознае со сите карактеристики на FUTURA Complex кој во секој сегмент е олицетворение на врвна и модерна архитектура со највисоки стандарди. Со новиот FUTURA Complex ја продолжуваме нашата докажана успешна приказна и сигурна сум дека токму овде многу семејства ќе го создадат својот совршен дом.”, изјави Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на компанијата.

За FUTURA Complex

FUTURA Complex со својот препознатлив модерен печат дава посебна вредност на архитектурата во главниот град, од секој аспект. Неговата површина изнесува 47.668 метри квадратни и вклучува четири станбено-деловни објекти, со 382 станбени единици и деловен простор со површина од 3.171 метри квадратни.

Комлексот е лоциран во општина Кисела Вода на најфрекфентниот булевар „Борис Трајковски” на само неколку минути пешачење до центарот на градот.

Комплексот располага со станови чиишто квадратури се движат од 35 до 88 метри квадратни, а современиот дизајн на секоја станбена единица се фокусира на креирање на простории коишто се удобни, функционални и прилагодливи на различните потреби на корисниците.

Во непосредна близина на FUTURA Complex има голем број на супермаркети, училишта и градинки, културни институции, здравствени установи, што дополнително го олеснуваат секојдневието на станарите.

Станарите на FUTURA Complex ќе уживаат во сопствената зелена оаза позиционирана во средишното јадро на комплексот. Паркот со јавна површина од 800м2 ќе биде нивното идеално место за заеднички дружби, социјализација и рекреација, а со тоа значително ќе биде подобрен и квалитетот на живеење на индивидуално и колективно ниво.

Преку иновација и бескомпромисен квалитет во изградбата, ELENA LUKA HOME создава препознатливост и сигурност, а преку енергетската ефикасност, инклузивноста и пристапноста на комплексот, го подобрува квалитетот на животот не само за станарите на комплексот, туку и на заедницата.

Визијата на ELENA LUKA HOME е да создаде заедница каде квалитетот на живот е во фокусот. Со секој детално планиран сегмент во создавањето на FUTURA Complex, ELENA LUKA HOME ги потврдува своите бескомпромисни заложби за ексклузивитет, модерен дизајн, максимална сигурност, светски стандарди и висококвалитетна градба.

Со семејна традиција во градежниот бизнис од речиси четири децении, Елена Пандева како сопственик и генерален менаџер на ELENA LUKA HOME успешно постави нови стандарди во градежништвото, во чекор со светските тенденции. 

Втората по ред Конференција за комерцијални недвижности ќе се одржи на 22 мај, во хотел „Хилтон”.  Иницијатор на настанот е ФОРТОНМКА, а ко-организатор е Кликер.