04
Jul

Модернистички стан од 64м2 за премиум домување во FUTURA 2

Добредојдовте во Аурора – модернистички уреден стан од 64м2 во кој секој метар квадратен е во функција на удобниот и хармоничен животен стил, креиран според потребите на современиот човек.

Балансот помеѓу нежните нијанси на ѕидовите и белите елементи во кујната, ја потенцираат чистината на просторот и даваат дополнителна нота на свежина, заедно со доминантните тонови на зелената боја.

Дозираниот контраст меѓу природните материјали, стаклените и металните елементи, создаваат чувство на луксуз и префинетост во порсторот.

Секој сегмент е дизајниран со цел да го максимизира комфорот и функционалноста, правејќи го Аурора идеален дом за секое семејство.

Вкупна квадратура: 64м2
Дневна соба/трпезарија: 19.00м2
Кујна: 6.00м2
Спална: 12.25м2
Детска соба: 9.12м2
Влезен хол: 7.53м2
Бања: 5.17м2
Тераса: 4.73м2

Премиум домување според највисоките светски стандарди – FUTURA 2.

ELENA LUKA HOME – My way of living!