
22
Jul
Стан од 55м2 со модерен и стилски дизајн во FUTURA 2
Доколку сте во потрага по вашиот нов и идеален дом, ние ќе ви прикажеме еден модерен стан во современиот станбено-деловен објект FUTURA 2 на реномираната градежна компанија ELENA LUKA HOME.

Овој стан од 55м2 со модерен и стилски дизајн е создаден да одговори на динамичниот начин на живот на современиот човек.

Во станот е искреиран персонализиран простор со функционален распоред и максимална искористеност на секој метар квадратен.

Естетиката на ентериерот умешно го спојува класичниот стил и модернистичкиот дизајн прикажани преку постудените нијанси и флоралните мотиви што се појавуваат на тапетите и ѕидните панели.

За повеќе вакви содржини следете ги ELENA LUKA HOME на фејсбук и инстаграм.