11
Sep

5 причини зошто стан во MELODY е одлична инвестиција

Зошто стан во нашиот премиум станбено-деловен објект MELODY, е одлична инвестиција?

Издвојуваме 5 причини како одговор на прашањето.

Докажано квалитетна изградба

Изградбата на MELODY е според светски стандарди, со користење на високо квалитетни материјали и напредни градежни технологии.

Одлична локација

MELODY се наоѓа во близина на парк шумата Гази Баба, во населбата Железара, што овозможува живот во спокојна и зелена околина, а воедно е во близина на централните делови на градот. Оваа локација нуди комбинација од природа и урбан живот, што објектот го прави идеален за семејства и поединци кои бараат квалитетен животен стил.

Функционален распоред на становите

Становите во MELODY се дизајнирани со функционален распоред, прилагоден на потребите на современиот човек. Секој метар квадратен е внимателно планиран, овозможувајќи максимално искористување на просторот и удобност за живеење.

Голем избор на квадратури

Современиот животен стил во MELODY го сочинуваат 54, двособни, трособни и четирисобни станбени единици со различна типологија, со дури 15 различни квадратури од 45m2 до 89m2. Со овој избор на квадратури, секој станар може да ја одбере својата идеална опција.

Енергетска ефикасност

Посебен акцент во изградбата на MELODY е ставен на енергетска ефикасност, користејќи енергетски ефикасни материјали за максимално квалитетна термо и звучна изолација. Ова значително ги намалува трошоците за греење и ладење, што на долг рок претставува голема заштеда за станарите.

MELODY – Новиот звук на градот!