Блог

На еден сосема поинаков и нов начин започнавме да изработуваме палети од бои кои во светот на архитектурата и низ историјата се практикувале од самиот почеток на уредувањето. Користејќи ја модата преку разни дизајни, текстури, принтови и бои на материјали од кои се изработени уникатните модели на модната куќа Елена Лука дојдовме до предлози кои ги опфаќаат речиси сите стилови на уредување познати во светот.

Ентериерот е природна проекција на Вашата душа — Коко Шанел

Одберете го Вашиот омилен стил и донесете ја културата на некој континент, правец или пак древна цивилизација во Вашиот Дом.

Floral Heaven

uredete-go-domot-vo-stilot-na-elena-luka-home-180275

Флорални текстури се тренд за оваа година кога станува збор за боите на Вашите ѕидови. Со овие цветни финеси и текстури, и мебел во бела боја Вашиот дом ќе стане прекрасно место за одмор и релаксација.

Passion for China

uredete-go-domot-vo-stilot-na-elena-luka-home-180278

Традиционалните јапонски ентериери се организирани според обликот на човечкото тело.

Кинеските ентериери се препознаваат по високо стилизираниот мебел, со рачни нацртани мотиви на лакирани подлоги, додатоци со силни бои и орнаменти или статуи кои претставуваат животни или митски ликови. Црвената боја многу често се употребува, како симбол на среќа.

Sophisticated Blue

uredete-go-domot-vo-stilot-na-elena-luka-home-180276

Синото е секогаш модерно, оваа палета е нежна и смирува, а црните финеси и детали на просторот ќе му дадат дополнителна нота на софистицираност.

Safari Ride

uredete-go-domot-vo-stilot-na-elena-luka-home-180279

Африкански стил на уредување е тренд кој веќе со децении не излегува од мода. Живите бои во комбинација со земјени тонови се основа на овој стил. Детали како животински дезени на ткаенините дополнително ја нагласуваат раскошноста на црниот континент.

Виртуелните маски и дрвените фигури во разни димензии во просторот внесуваат посебна мистична нота.

Уредувањето е едноставно – во домот треба да се внесе топлината на сонцето, желбата на земјата, песокот и богатството на животинскиот и растителниот свет.

PoP Star Studio

uredete-go-domot-vo-stilot-na-elena-luka-home-180277

Спојот од неколку бои во спалната соба може да биде смирувачки, само ако знаете како да ги комбинирате. Фокусирајте се на две главни бои – сина и виолетова (на пример) – и нивните нијанси.

The Spirit of the Mediterranean

uredete-go-domot-vo-stilot-na-elena-luka-home-180397

Уредувањето според медитерански стил ги опфаќа земјите како Шпанија, Италија и Грција. Често ваквиот стил на уредување се вика и шпански модерен стил.

Мебелот е едноставен и функционален, понекогаш и украсен. Ѕидовите се во разни бои и текстури. Топлината која ја внесува ваквиот стил на уредување е неминовна. Платно, дрво, украси, цвеќиња, бои, уметност е се она по што ќе го препознаете овој стил.

Author: elenalukahome