Блог

Ако планирате вашиот стан да го средите во луксузен и модерен стил, овој скопски апартман ќе ви послужи како совршен пример.

1 Kujna-Dnevna

Овој неверојатно убав стан кој се наоѓа во Скопје, во поткровјето на новиот објект на „Elena Luka Home “, а за неговото уредување е одговорен еден од архитектите на нашата фирма. Овој проект го носи името Large Harmony и е дел од Living Large, програмата за новиот објект на нашата компанија која покрај овој апартман содржи уште неколку слично уредени станови кои пружаат луксузно домување.

 

Силната архитектура на станбениот објект доведува до тоа ентериерот да биде малку поинаков. Резултатот е цврсто уреден луксузен простор кој има минималистичен дух. Употребата на геометриски облици и посебните пресеци на граничните внатрешни ѕидови го прават овој простор неверојатен. Бродскиот под го направи своето, а за уредувањето на просторот се користени и боени цигли и гранитни површини што дополнително влијае на уникатноста на просторот. Додека дрвените површини во спалната и детската соба како природен елемент му дава дополнителна живост на станот.

3 Kujna

4 Dnevna-Trepezarija 02.02

Ентериерот е мошне светол и содржи огледални површини, високо сјајни детали и мебел, кој е изработен во сива еко кожа. Огледалните површини кои се употребени поради акцентирање на висината на апартманот уште повеќе ја рефлектираат носечката бела боја. Останатиот мебел носи ведрина во совршени, минималистички дози.

8 Detska soba

Author: Небојша Антиќ
За првпат почнав да се занимавам со новинарство како уредник на порталот Mnogoo.mk. Студиите по внатрешен дизајн ме направија стручен во полето на архитектирата и ентериерот. Блискоста со клучните луѓе од оваа фела кај нас и во светот ми овозможија пласирање на информации од прва рака. На Elena Luka Home ќе се обидам да ја прикажам стилската но и корисната страна на архитектурата каква до сега не сте ја запознале.