Блог

Од први до петти март во Метрополис арената во Скопје по 13-ти пат ќе се одржи Меѓународниот саем на градежништво 2016 во рамките на кој пак ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции „Реалекспо”.

Годинава на Саемот за градежништво ќе учествуваат 100 компании што ќе понудат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, додека на Саемот на недвижности и инвестиции ќе се претстават над 300 компании.

Според најавите, присутноста на експерти од областа на градежната индустрија, ќе придонесе и за понатамошен раст на оваа значајна гранка затоа што на саемот се очекуваат и нови зделки, други бизнис-можности.

Помеѓу излагачите на Саемот и оваа година ќе биде градежната компанија Elena Luka Home која на посетителите ќе им понуди и посебни саемски пакети и попусти.

„На овогодинешниот Саем за градежништво се претставуваме со нашиот комплекс во Аеродром #ELHomes – #EcoHomes, со актуелната понуда на станови во изградба во вториот по ред објект Living Large. Задржувајќи го високиот квалитет на градба, функционалноста на секоја станбена единица, одличната позиционираност и енергетска ефикасност, нудиме ексклузивни промо пакети за време на одржувањето на саемот” велат од тимот на Elena Luka Home и додаваат:

-Нашите клиенти, нивните потреби и можности се наш предизвик и мотив. Токму затоа, за време на 5-те саемски денови, секој клиент кој ќе се одлучи и купи свој нов „Elena Luka Home” дом, ќе добие привилегија – истиот да го купи за ексклузивна цена, било да е трособен или четворособен стан, на било кој кат – од приземје до поткровје.

Станбени објекти на Elena Luka Home

  • Станови со 1 спална – двособни – од 1. до поткровје: од 43 – 46 м2: 950 € / м2 + 5% ддв
  • Станови со 2 спални – трособни-приземје: од 56 – 72 м2: 857 € / м2 + 5% ддв
  • Станови со 2 спални – трособни -: од 52 – 76 м2, ексклузивна саемска цена: 950 € / м2 + 5% ддв
  • Станови со 3 спални – четирисобни: 89 м2, ексклузивен саемски пакет: гратис паркинг место, цена: 950 € / м2 + 5% ддв

12788821_10154020390333408_558371055_o12765778_10154020390473408_709541000_o12787189_10154020390348408_1881919322_o12776935_10154020390388408_1639634084_o

 

Постои можност и за изведување на поголема квадратура, со спојување на 2 и повеќе станови.

-Голема чест ни е да го најавиме и нашиот трет објект Bussines Homes…во кој ќе обезбедиме високо квалитни станови со намалена енергетска потрошувачка кои ќе ви озвозможат одличен ефективен бизнис простор и на тој начин ќе ја заокружиме приказната за #ElHome – #Ecohome станбено-деловниот комлекс.

Приказната за Elena Luka Home започна како резултат на потребата од уникатни градби, да се подобри визуелната естетика и квалитет на градбите како и на клиентите да им се понуди поинаква визија за нивното домување и да им се отворат богати можности за изборот на нивниот дом, неговиот квалитет, дизајн, архитектонско решение и ентериерот до најмали финеси.

Оваа година на саемот се очекуваат околу 15.000 посетители.

Author: Небојша Антиќ
За првпат почнав да се занимавам со новинарство како уредник на порталот Mnogoo.mk. Студиите по внатрешен дизајн ме направија стручен во полето на архитектирата и ентериерот. Блискоста со клучните луѓе од оваа фела кај нас и во светот ми овозможија пласирање на информации од прва рака. На Elena Luka Home ќе се обидам да ја прикажам стилската но и корисната страна на архитектурата каква до сега не сте ја запознале.