Блог

адиционално, по 13 пат во Скопје од денеска почна Меѓународниот саем за градежништво во чии рамки пак ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции „Реалекспо”.

Градежната компанија „Elena Luka Home“ е меѓу 100 – те компании што ќе се претстават на Саемот со нивните најнови понуди и саемски попусти.

Саемот го отвори министерот за финансии Зоран Ставрески кој им посака добредојде на сите компании и клиенти што се во потрага по нивниот совршен дом.

На штандот на компанијата „Elena Luka Home“ оваа година ќе пронајдете навистина големи саемски попусти и поволности што ниту една двојка во потрага по дом не смее да ги пропушти.

„Нашиот менаџмент одлучи да направи добар момент во однос на понудата на саемот и да даде големи поволности за секој да може да си купи стан во нашите објекти. Само за саемските денови имаме попуст од 10 до 15% на сите слободни станови од различни типови, со помала или поголема квадратура. Фокусирани сме на задоволување на барањата на младите брачни парови во однос на решавањето на станбеното прашање“, изјави Горан Димитровски, агент за продажба во компанијата.

Тој посочува дека она што компанијата го нуди на пазарот е иновација во однос на надворешниот изглед на градбите, како и функционалноста на просторот што го нудат.

„На овој саем се претставуваме со нашите градби во комплексот Аеродром El Home –Eco Home, каде што веќе ја градиме втората зграда, а во најава е уште еден објект во тој комплекс. Она што е стандардно за Elena Luka Home е одличен квалитет што го оправдува инвестирањето. Уште една дополнителна придобивка е локацијата на комплексот, урбаното опкружување и близината до центарот на градот“, додава Димитровски.

За она што го бараат клиентите, тој ќе каже дека секој клиент има посебна приказна, но најчесто се бараат семејни станови со две спални, а тие имаат одлична понуда на квалитетен и функционален избор.

„Втората зграда од веќе постоечкиот комплекс во Аеродром напредува одлично, според предвидената динамика и рокови. Имплементирани се најквалитетни материјали за сигурна градба според сите светски стандарди. Покрај проектот во Аеродром на кој што работиме во моментов, фокусирани сме на проширување на понудата и на повеќе локации во Скопје“, завршува тој.

Доколку во моментов сте во потрага по вашиот совршен дом, тогаш задолжително оваа недела посетете го Саемот за градежништво во Скопје.

Author: elenalukahome