Совршено осмислена „open space“ дневна во три чекори
Овој стан е проектиран за брачен пар кој избра дом во нашиот прв објект „Luxury Homes“ и е олицотворение на модерно организиран простор во станот, но и пример како „open space“ може да биде доведен до совршенство.
Сопствениците сакаа решение кое ќе ги задоволи сите нивни потреби, од издвоен простор за одмор, преку функционална мини библиотека, па се до совршено вклопена дизајнирана трпезарија и кујна. Мислите дека е невозможно? Тимот од архитекти на „Elena Luka Home“ најде решение.
Бидејќи беше потребно да се обезбедат многу функции во мал простор, определувањето за концептот „отворен простор“ (open space) е еден логичен избор бидејќи простор за преградни ѕидови нема. Затоа главната цел е да се создаде еден голем, добро осветлен дневен простор со посебни функционални зони и одвоена спална соба. За се’ да се постигне, архитектите од нашата компанија одредија три главни цели кои треба да се исполнат.
Прв чекор – трпезариска зона
„Metal Box“ е името на ова решение. Очигледно е од фотографијата зошто е тоа така. Со ова се постигнати две значајни цели. Прво, обезбедено е идеално решение за трпезаријата, а просторот во чија рамка се наоѓа остава впечаток на исклучително дизајнерски момент. Второ, на овој начин е обезбедена светлина поради отвореноста но и амбиентална поради рамката од метални профили што дополнително и дава софистицираност на трпезаријата и втора намена, може да се користи и како работна зона, мала домашна стилска канцеларија.
Со тоа е разбиена едноличноста на просторот и добиено е едно чувство на удобност иако дизајнот плени со модерниот индустриски стил.
Останатиот мебел со полна цврста форма во бела боја, само дополнително го надополни современо осмислениот дом.
Завршниот дизајн го дава употребата на ѕидот од тули, секако еден од најдизајнерските елементи во ова уредување а и омилена текстура на клиентите.
Втор чекор – мини библиотека
За одушевувањето на сопствениците да буде големо дизајнерите се одлучија за неформални дизајнирски полици со двојна улога чија дополнителна предност е нивната мобилност, на тој начин секогаш ќе имате нов дизајн на Вашите полици. Со нив просторот добива уметничка нота која му дава и убав дизајнерски смисол на станот.
Третиот чекор – простор за кујна
На самиот архитектите осмислија кујна која ќе биде издвоена, но и совршено вклопена со целиот амбиент. Тоа е постигнато благодарејќи на препознатливиот минималистички дизајн. Дополнително решение е што кујната е одвоена со лизгачки дрвени врати што може да му даде семеен изглед на целиот стан но по потреба и урбан компактен изглед