26
Apr

КАКО ДА НАПРАВИТЕ РОМАНТИЧНА АТМОСФЕРА ВО ВАШИОТ ДОМ ВО 5 ЧЕКОРИ

Секој ден од годината е подобен за да направите вашиот партнер/ка да ја почуствува вашата љубов и да уживате во удобноста на Вашиот дом. Со 5 едноставни чекори направете совршена романтична атмосфера и препуштете се на уживањето.

Романтичната атмосфера подразбира придушена, индиректна светлина, па ајде прво да размислиме за светлината на свеќите. За оваа намена може да се користат разни свеќи, кои веројатно веќе ги имате дома, а дополнително можете да ги украсите за да пренесат љубовна порака. Совршено ќе се вклопи во романтична декорација на маса за вашата интимна вечера. За осветлување во спалната соба, од безбедносни причини, треба да се избегнува отворен пламен. Наместо свеќи, одберете нежна светилка која ќе обезбедува прилагодлива, дифузна светлина.

Погрижете се целата атмосфера да биде комплетирана со соодветна релаксирачка музика. Грамофоните се враќаат во мода, а танцувањето на музика од грамофонските плочи е совршен вовед во романтична вечер.

Сите знаеме дека љубовта доаѓа преку стомакот, па затоа пригответе ја вашата заедничка омилена храна и уживајте во оброк полн љубов.

Доколку имате када, не ја пропуштајте можноста да подготвите релаксирачка бања за двајца. Миризливи соли, ливчиња од роза, свеќи, музика и вино, тоа е романтична атмосфера на која никој не може да и одолее.

На сите им се допаѓа мал знак на внимание, избран со љубов и според приликата. Тоа може да биде цвет, чоколадо или нешто што знаете дека ќе го израдува вашиот партнер. Бидете креативни, завиткајте го подарокот на оригинален начин или скријте го на неочекувано место. Нека вашата романтична атмосфера биде исполнета со смеа и радост…