Блог

Да се најде вистинското место за живеење може да направи чудо во нечиј живот. Има нешто посебно во тоа да се има место каде ќе се враќате секој ден, место кое ќе почувствувате дека комплетно се поклопи со вашиот дух. За некои луѓе тоа значи да пронајдат место надвор од градот, блиску до шума, додека за други значи да бидат во срцето на сите случувања со пристап до сето она што нивната имагинација може да создаде во секунда!

Додека секаде во светот живеењето на врвот од зградата се смета за привилегија, во Македонија тоа досега не беше случај. Ние сакаме тоа да го промениме и да ги срушиме стереотипите. Дозволете нѝ да ви претставиме неколкуте причини зошто е прекрасно да се живее во Вашиот сопствен „врв на светот“.

Погоре и подалеку

Луѓето кои живеат на поткровје најчесто се оние за кои приватноста е од огромно значење за нив. Во становите на најгорниот кат на зградата секогаш ќе бидете одвоени од гужвата и бучавата на улицата. Ова ви дава можност за совршен одмор и поцврст сон бидејќи сте изолирани од различните звуци на градот. Да бидете најгоре, одвоени од сите станари во зградата допринесува многу за Вашата лична приватност. Имајте на ум дека никогаш нема да слушнете звук на потпетици, ниту пак тропање на таванот.

Уживање во просторот

Становите на поткровје се обично помали од останатите, што значи во овој случај Вие ќе можете да ја разуздате креативноста во уредувањето користејќи ги предностите на светлината која обично ја имаат овие станови, па дури и погледот кој може да биде вклучен како елемент при декорирање и уредување. Дополнително на ова, фактот дека Вашиот стан се наоѓа на повисоко место од останатите околни згради и објекти допринесува за совршениот поглед кој би го имале наутро, но и навечер. Само пробајте да го замислите погледот на сите убави светла во градот навечер, додека уживате на вашиот балкон со вашиот омилен пијалок во рака. Ете токму тоа е Вашиот „врв на светот“.

12484642_1715231558711190_4127737581384095778_o

 

Мали детали

Становите на поткровје се луксузен простор и дефинитивно ќе го имате тоа чувство само што ќе влезете во еден од нив. Луѓето кои се или некогаш биле сопственици на еден ваков стан, велат дека ова се станови наменети за оние со префинет вкус. Повеќето вакви станови нудат можност за суптилно и мирно живеење. Висината и погледот значи дека имате прозорци кои непречено ја пропуштаат светлината за Ваше уживање. Ова може да биде особено важно за луѓето кои сакаат да уживаат во природниот циклус на спиење и можат да се водат по светлината на небото која ќе им покаже кога е време да се повлечат во спалната соба.

6-spalna

Има уште една мал бенефит, а тоа е дека да се живее на високо значи дека ќе можете да уживате во нежниот ветер почесто од другите.

Живеењето на поткровје отсекогаш во светот било поврзано со луксуз и тоа поради оправдана причина – Ви помага да се одвоите од хаосот на градот, а сепак да уживате во луксузот на тоа дека лесно можете да имате пристап до сето она што ви е потребно. Приватноста и комфорот го прават живеењето порелаксирано и по – лично од останатите.

tumblr_m1gqjutwv51qfti3go1_1280

За крај, Ве советуваме да ги проверите понудите за станови на поткровје на нашата веб страна во оној момент кога ќе одлучите да побарате ново место за живеење. Можете да се изненадите од моментот дека ќе го пронајдете сето она што ви е потребно, во најубавите урбани делови во градот.

14500440_1822527397981605_692135136620582645_o

Author: Небојша Антиќ
За првпат почнав да се занимавам со новинарство како уредник на порталот Mnogoo.mk. Студиите по внатрешен дизајн ме направија стручен во полето на архитектирата и ентериерот. Блискоста со клучните луѓе од оваа фела кај нас и во светот ми овозможија пласирање на информации од прва рака. На Elena Luka Home ќе се обидам да ја прикажам стилската но и корисната страна на архитектурата каква до сега не сте ја запознале.