
Научи го твоето ново соседство
Преселбата може да биде многу дезориентирачко искуство, момент кога се оддалечувате со километри од вашето познато маало каде локалниот шанкер знае како го пиете вашето кафе, а кучето има свое омилено место за копање во паркот.
Единствениот начин да преминете преку овие тешкотии е да направите напор за да се вљубите во вашето ново соседство. Целта е да се чувствувате како дома, а најдобар начин да го сторите тоа е да почнете од улиците.
Подолу ќе ви прикажеме неколку примери како да го откриете урбаното соседство и да го размрдате чувтвото на „нов човек во маало“.
Тргнете по патеките за пешачење
Нема подобар начин да ја „проверите“ населбата отколу тоа да облечете удобни обувки и да почнете да шетате. Не играјте на сигурно. Прошетајте наоколу низ сите мали улички за да ја откриете убавата архитектура и да ги откриете дупките во ѕидовите на зградите, но и по улиците.
Почнете во сабота за да го почувствувате вистинското чувство на маалото. Викендите се денови кога основните школи се претвораат во базари, а локалниот парк станува место за јога часови на отворено. Најдете го најблискиот пазар и пронајдете убава храна, нови пријатели и повеќе знаење за околината. Пробајте и да возите велосипед, за да можете да „покриете“ поголем дел од населбата.
Маркети
Локалните маркети можат да бидат одличен начин да ја запознаете населбата.
Прашајте ги соседите
Кога ќе видите некој од вашите соседи со пециво во рака, прашајте го слободно од каде го купил. Сигурно со задоволство ќе ви каже за одличната пекара во соседната зграда или за ресторанот со вкусна домашна храна кој е на три улички подолу. Личните препораки се секогаш најдобрите, затоа немојте да бидете срамежливи да прашате. Дополнително, тоа е уште еден одличен начин да стекнете многу нови пријателства.
Обрнете внимание на плакатите
Колку често поминувате покрај автобуските станици и тарабите покрај градежните објекти, а скоро никогаш не погледнувате што се наоѓа на нив? Почнете да ги приметувате рекламите во вашето соседство. Можете да најдете одлично студио за пилатес само на неколку минути од вашиот дом или андерграунд филмски фестивал во локалниот бар.
Купувајте наоколу
Повеќето луге имаат супермаркет најблиску до својот дом каде што ги купуваат своите продукти, но одличен начин да го запознаете своето соседство е да направите микс од избори на места за купување. Своите зачини купувајте ги од профавницата за зеленчук и овошки, а лебот од најблиската пекара. Имајте на ум никогаш да не развиете мрзеливи навики пребрзо, сè да купувате од најбиската колонијална продавница и никогаш да не ги откриете прекрасните сосови во грчкиот супермаркет или совршеното парче месо во маалската месарница.
Прашајте го Вашиот агент
Нивната работа е буквално да го продадат соседсвото, затоа распрашајте ги за сите информации. Агентите обично живеат во истата населба и информирани се за сето она што се наоѓа во близината. Тие поминуваат голем дел од своето време во областа каде што продаваат недвижнини. Ги знаат најдобрите места за ручек, знаат каде се наоѓа најблиското хемиско чистење и во кој парк можете да се релаксирате со семејството и пријателите.
Препушти се
Создадете си правило дека кога ќе јадете надвор, не е дозволено да се јаде на истото место два пати некое време. Потрудете се редовно да пробате различна кујна за да откриете нови вкусови, начини и услуги. Може да направите уште едно правило – да пробате нова храна еднаш неделно (или еднаш месечно ако сте презафатени).
Со посебно внимание на суштинските потреби
Откријте која е најблиската болница, откријте кој матичен доктор е најдобар, ветеринар или аптека која работи 24 часа. Утешувачко е чувсвото кога знаете каде да отидете на полноќ кога имате настинка или грип или пак место да го однесете вашето милениче кога ситуацијата е итна. Можеби никогаш нема да го посетите заболекарот преку улица, но да знаете дека е таму, ќе направи да се чувствувате како дома.
Следете ја толпата
Кога се наоѓате на непознато место и има толпа која се движи некаде, следете ја за да видите што се случува. Има примери каде луѓето откриле организиран полноќен шопинг близу до нивниот дом на овој начин, или пак настап на уличен бенд.
Напомена: Доколку луѓето во толпата се облечени исто, многу е веројатно да завршите на фудбалски натпревар кој не го фаворизирате.
Онлајн препораки
Посетете ги страниците како Foursquare, Trip Adviser, Get Local и прочитајте искуства и препораки на луѓето за Вашата ареа. Можете да симнете апликации на Вашиот смартфон и со помош на сопствените интереси да ги најдете посакуваните места и одалеченост од истите.
Накратко, однесувајте се како турист, додека не почнете да се чувствувате како „локалец“.
Поминете викенди во разгледување на настани во соседството. Присуствувајте на собири – улични забави и настани, пазари и посветете се на тоа да го направите новото соседство Ваш дом. Не дозволувајте Вашиот имот да биде случајност.